Оне Македонија телекомуникации на унгарскиот Фор-ај-џи е изборот на АЕК како најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор.
Со донесената одлука започнува да тече и десетдневниот рок за уплата на еднократниот надомест за трите фреквенциски опсези што се доделуваа преку тендерот, во вкупен износ од 8.020.003 евра, пренесува МИА. Почетните износи на радиофреквенциите, кои се плаќаат како еднократен надомест, се 4,2 милиони евра за одобрението А1, 1,5 милион евра за одобрението Б1 и 2,32 милиони евра за одобрението C1.
Откако ќе се регулира таа обврска, компанијата ќе може да побара пристап за користење на мрежите на постојните оператори и така да функционира сѐ додека не изгради сопствена инфраструктура.
До крајот на март идната година новиот оператор ќе треба да покрие еден град со 5G. Потоа, до крајот на 2028 година со непрекинат 5G сигнал треба да бидат покриени главните коридори, согласно Договорот за воспоставување транспортна заедница на основната и универзална патна мрежа, а до крајот на 2030 година – сите градови во државата. Исто така, до крајот на 2032 година секој граѓанин треба да има пристап до интернет преку 5G со минимална брзина од 100 Mbps.
Носителот на одобрението мора да почне со користење на доделените радиофреквенции најдоцна во рок од една година од датумот на почнувањето на важноста на одобрението.
Аналитика








