Какви се трендовите на небанкарскиот пазар, колкави средства се пласирани преку одобрените брзи кредити. Со какви планови влегуваат во 2026 година, ќе се проширува ли обемот на постојните кредити и дали се размислува за подолгорочни и поевтини производи, ги праша Пари финансиските друштва, чие работење, според најавите, во догледно време ќе биде ставено во нова регулаторна рамка.
Јоана Спасовска – генерален директор на Flex credit:
Според нашите анализи и согледувања на пазарот, трендот е стабилен со умерен пораст на побарувачката преку дигиталните канали, но исто така се бележи и зголемена фреквенција физички, во филијалите. Клиентите сè повеќе се насочени кон транспарентни, лесно достапни и одговорни финансиски производи, што е и приоритет на нашата компанија.

На ниво на индустрија се забележува континуирана побарувачка на ненаменски потрошувачки кредити, кои најчесто се користат за ненадејни трошоци или за задоволување на краткорочни финансиски потреби. Во последниот период особено се буди интересот за наменските потрошувачки кредити преку кои клиентите купуваат производи или услуги на рати, без камата.
Во однос на пласираните потрошувачки кредити за 2025 година, сè уште се финализираат. Во текот на годината се регистрира континуирана активност, но финалните податоци ќе бидат достапни по нејзиното завршување и по објавување на официјалните извештаи.
Во 2026 година компаниите кои се дел од Flex Group ќе продолжат да се движат по линија на одржлив раст, преку поголем фокус на дигитална трансформација, подобрување на корисничкото искуство и воведување нови флексибилни финансиски производи. Освен што ќе го прошириме опсегот на потрошувачките кредити, работиме и на моделирање на уште пофлексибилни продукти со многу поволни услови, со цел да одговориме на финансиските потреби на граѓаните.
Во однос на наплатата, инвестираме во човечки ресурси, автоматизирани системи за потсетување, дигитална комуникација со клиентите и алатки за едукација. Веруваме дека транспарентноста, одговорниот пристап и персоналниот однос се клучот кон подобра наплата и намалување на доцнењата без потреба од агресивни методи.
Регулативата е суштински дел од секој здрав финансиски систем. Веруваме дека со текот на времето, како што расте значењето на небанкарскиот сектор, ќе се отворат дискусии за можни измени во институционалната рамка. Ние сме подготвени да соработуваме со сите релевантни институции и со регулаторите без разлика дали тоа е Министерството за финансии или Народната банка, со цел да придонесеме кон одржлив и транспарентен финансиски систем.
За нас најважно е јасно дефинирано и доследно регулирање, кое ќе им обезбеди сигурност и доверба на клиентите, но и простор за иновација и дигитален развој. Flex Group ќе продолжи да биде гласен поборник за фер услови, пазарна конкуренција и заштита на потрошувачите.
Подготви: Маја Анастасова
Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
Аналитика








