Пари ги праша економските експерти каква 2026 година нѐ очекува – стабилизација или нови удари врз животниот стандард. Нивните одговори отвораат клучни прашања за неопходните реформи и наместо новогодишна честитка носат јасна порака до Владата за тоа што повеќе не смее да се одложува.
Бранимир Јовановиќ – Виенски институт за меѓународни економски студии:
Да очекуваме дека ќе биде многу слична на годината што измина. Економскиот раст ќе биде сличен како оваа година, можеби за нијанса посилен, но секако, далеку од она што ни е потребно за луѓето да осетат подобрување во животниот стандард. Инфлацијата се очекува да се намали малку во однос на оваа година, на цените сепак ќе продолжат да растат. Растот на платите ќе биде доволен само да се надомести новиот раст на цените, но не и за луѓето да можат да си дозволат повеќе работи од порано. Сиромаштијата, загадениот воздух, проблемите во образованието, руинираното здравство, нефункционалните институции – сѐ тоа ќе си остане.

Да се надеваме само дека политичарите конечно ќе сфатат дека не може вака, дека ни требаат крупни промени, и ќе почнат да ги прават тие промени.
Инфлацијата малку ќе забави, од сегашните 4 на околу 3,5 насто, ама цените сепак ќе останат многу повисоки од она што можат да си го дозволат повеќето граѓани со нивните плати. Цените ќе останат околу 60 отсто од европскиот просек, а платите околу 30 отсто. Можеби нема да има некое големо влошување на состојбите, но нема да има ни значајно подобрување на животниот стандард.
Да се замрзнат цените на сегашното ниво, цела година. Да се покачи минималната плата на 500 евра, а сите плати во јавниот сектор да се зголемат за 10 насто. Да се дуплира социјалната помош и сите други социјални издатоци. Да се зголемат средствата што ги вложуваме во образование и наука за 50 насто. Да почне да се гради нов клинички центар. Да почне да се гради Чебрен како државен проект. Да почне да се гради брзата пруга кон Србија. Да се купат нови електрични автобуси во Скопје и сите други поголеми градови. За секоја нова изградена зграда да се направи еден нов парк, или барем детско игралиште. Да почне да се рециклира ѓубрето. Да се оданочат богатите и големите компании.
Нека почнат од каде сакаат, само нека исполнат барем половина од ова.
Драга Владо,
Ги имате сите нивоа на власт, имате огромно мнозинство, можете да правите што сакате. Искористете го тоа за да ги направите работите кои ќе им го подобрат животот на луѓето, а не само за да се збогатите и останете што е можно подолго на власт. Само така годината која доаѓа може да биде навистина среќна.
Со искрени намери,
Еден од многуте
Подготви: Маја Анастасова
Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
Аналитика








