ПОВЕЌЕ

    Louis Latour винска приказна која го носи вкусот на Бургундија во ресторанот Salvatore

    Време зa читање: 2 минути

    Во декемвриската магија на Скопје, љубителите на виното ќе имаат можност да доживеат вечер која го спојува најдоброто од винската традиција, гастрономијата и културниот рафиниран вкус. На 10 декември, среда во елегантниот амбинет ресторанот Salvatore ќе биде домаќин на специјална винска вечер посветена на едно од највлијателните имиња во винската историја на Бургундија, Louis Latour.

    Преку совршено усогласени вкусови, вечерта ќе ја раскаже вековната винска приказна на Louis Latour.

    Настанот ќе го модерира и води професионалниот сомелиер Јадранка Клариќ Кимовска, која ќе ги воведе гостите во светот на дегустацијата.  Специјален гостин ќе биде Thomas Lignier, Export Area Manager во Louis Latour, кој со своето долгогодишно искуство игра значајна улога во меѓународното претставување на овој реномиран бургундски бренд. Токму за оваа пригода, тој ќе го претстави изборот на вина, приказните зад секоја етикета и богатата историја што ја прави Louis Latour еден од најпочитуваните имиња во светот на виното. За совршеното food pairing ќе се погрижи Chef Giovanni, кој ќе подготви специјално мени инспирирано од француската кујна, создадено да ги нагласи ароматските карактеристики на секое вино.

    Вечерта која е во организација на Alchemist (официјален увозник на Louis Latour во Македонија) ќе биде збогатена и со музичка програма коja ќе создаде софистицирана атмосфера за целосно уживање. Со ограничен број места и исклучителен избор од винското наследство на Louis Latour, настанот ветува уникатно искуство кое долго ќе се памети.

    Добредојдени сте да бидете дел од една незаборавна вечер каде што виното, приказната и атмосферата се спојуваат во совршена хармонија.
    Карти за настанот можете да набавите во рестораните SushiCo, SushiCo Zen и Salvatore, или да направите резервација преку порака на социјалните мрежи на Alchemist MK.
    Cheers!

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично