
Ако сакаме македонските компании да излегуваат на големи и богати пазари – државата мора да игра проактивна улога. Потребно е побрзо издавање визи, експресни регистрации, подобра комуникација со амбасадите, конзуларна помош, но и засилена економска дипломатија која ги забрзува отворањето врати. Душан Пецовски, првиот човек на „Реплек“ во поткастот „Каде се парите?“ посочува како добрата координација овозможило влез на неколку пазари, меѓу кои и во Виетнам.
„Навистина, услугата е врвна, али настрана од услугата која што ја пружаат овие институции, можеби во иднина гледам потенцијал да се релаксира цела таа бирократизација и административна процедура. Доколку би била полесна, дигитализирана, убрзана и да кажеме кога македонските производители, не само за лекови, но општо и за сите индустрија, би имале попривилегирана статус, многу побрзо ние би го имале производот на пазар и многу побрзо би можеле да ги регистрираме и надвор во другите земји.“
Притиснете „Subscribe“ и следете нè
Аналитика








