ПОВЕЌЕ

    Митески: Со еднонасочни улици, за шест месеци во Аеродром ќе се обезбедат 800 нови паркинг-места

    Време зa читање: 2 минути

    Брзо и практично решение за проблемот со паркирањето во Општина Аеродром, најавува Дејан Митески, кој се бори за задржување на градоначалничката позиција. Со недостигот од паркинг-места и со хаосот во сообраќајот ќе се справи преку воведувањето еднонасочни улици со обележани ленти за паркирање.

    „Не можеме да изградиме катна гаража за шест месеци, но можеме за шест месеци да обезбедиме до 800 нови паркинг места“, истакна Митески, додавајќи дека ова решение се базира на користење на постојната инфраструктура, без дополнителни големи трошоци.

    Според него, таа стратегија носи три големи придобивки за жителите на Аеродром: значително се зголемува бројот на достапни паркинг-места во густо населените зони, со рационално искористување на секој метар улица; создава можност за воведување велосипедски патеки на делови каде што ширината тоа го дозволува, поттикнувајќи здрави и еколошки навики; самата организација на еднонасочните улици природно го намалува брзото движење на возилата, придонесувајќи кон побезбедно и покултурно сообраќајно однесување.

    „Со новиот сообраќаен режим улиците ќе станат поуредени, побезбедни и попрактични. Наместо да вложуваме време и средства во невозможни проекти, се фокусираме на решенија што граѓаните ќе ги почувствуваат веднаш“, порача Митески.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично