ПОВЕЌЕ

    АM Best ги потврди високите кредитни рејтинзи „A“ со стабилен среднорочен изглед

    Време зa читање: 3 минути

    Агенцијата за кредитен рејтинг AM Best, по редовната годишна ревизија, на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре, повторно им ја потврди оценката на финансиска моќ „A“ (Excellent) и долгорочната кредитна оценка на издавач „a“ (Excellent). Сите елементи на овогодинешните оценки остануваат на исто ниво како минатата година, а оценките имаат стабилен среднорочен изглед.

     Високите рејтинзи ја потврдуваат оценката на Агенцијата дека Триглав има многу силна финансиска позиција, работи успешно и соодветно управува со ризиците. Влијанието на деловниот профил на компанијата и мнозинската државна сопственост врз оценката останува неутрално. При потврдувањето на високиот рејтинг на Позаваровалница Триглав Ре, Агенцијата ја нагласи нејзината стратешка важност за Триглав и силната интегрираност во Групацијата.

    Според AM Best, капитализацијата на Триглав е на највисоко ниво и усогласена со неговиот ризичен профил. Дополнително, се истакнува добрата финансиска флексибилност, со докажан пристап до пазарите на капитал и долг.

    Во работењето, Групацијата располага со конкурентски предности, меѓу кои и водечка позиција во Словенија и Адриа регионот и добро диверзифицирано портфолио. По две предизвикувачки години, Триглав оствари добри резултати во 2024-та година. Агенцијата очекува да работи многу успешно и во 2025-та година, што е потврдено со одличните полугодишни резултати. Годишните резултати се очекува да бидат во согласност со подобрената проекција за добивка на Триглав.

    Соопштението на Агенцијата е објавено на веб-страницата www.triglav.eu во делот Односи со инвеститори.

    Групација Триглав, со своето знаење, искуство и финансиска стабилност, веќе 125 години ја оправдува довербата на клиентите и другите засегнати страни. Нејзината мисија е да гради побезбедна иднина. Таа е најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа и една од водечките во југоисточна Европа, која што работи во шест земји и на седум пазари, а на меѓународно ниво е присутна преку партнерства со посреднички, застапнички и реосигурителни компании. Клучните столбови на нејзиното работење се осигурувањето и управувањето со средства. Групацијата има повеќе од 5.000 вработени. Нејзината мисија е градење на побезбедна иднина. Главните вредности на групацијата се агилност, едноставност и доверливост. Нејзината визија е насочена кон зајакнување на својот идентитет и видливост како меѓународна осигурителна и финансиска групација. Со одржлив деловен пристап, Триглав создава развојно ориентирана средина за своите вработени, гради силни партнерства и претставува стабилна, сигурна и профитабилна инвестиција за инвеститорите. Матичната компанија на Групација Триглав, Заваровалница Триглав, е издавач на примарниот пазар на Љубљанската берза.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично