ПОВЕЌЕ

    Македонија2025 отвора врати кон светот: Два повика за идните лидери за стипендии за извршно образование во 2026 година

    Време зa читање: 3 минути

    Македонија2025 ве информира за два активни повика за апликации за стипендии за 2026 година, насочени кон менаџери, бизнис лидери и претприемачи од Македонија кои сакаат да го надградат своето знаење и лидерски капацитети преку врвни меѓународни извршни програми.

    1. Стипендии за Зафировски програмата за извршно образование на Келог Школата за менаџмент

    Преку поддршката на Фондацијата Робин и Мајк Зафировски и партнерството со Келог Школата за менаџмент, оваа програма овозможува стипендии за учество во престижната Програма за развој на извршни менаџери (EDPExecutive development program) на Универзитетот Нортвестерн во Чикаго, САД.
    Програмата е наменета за искусни менаџери и претприемачи кои имаат најмалку 10 години професионално искуство и стремеж за унапредување на својот бизнис и зајакнување на економскиот развој на Македонија. Кандидатите учествуваат со сопствено кофинансирање.

    Алумни заедницата на Зафировски програмата денес брои неверојатни 52 личности кои со своето знаење и визија веќе го менуваат македонското стопанство.

    Дознај повеќе информации за повикот, критериумите и начинот на аплицирање: ТУКА

    2. Стипендии за извршно образование во Канада на Смит Школата за бизнис

    Вториот повик е за доделување на стипендии во соработка со Смит Школата за бизнис на Квинс Универзитетот во Кингстон, Канада. Кандидатите имаат можност да изберат меѓу двете програми: Лидерство или Стратешко извршување, секоја во времетраење од 5 работни дена во 2026 година.
    Програмата е возобновена од минатата година и предизвикува голем интерес кај македонската бизнис заедница. Таа е наменета за средни и високи менаџери, како и за успешни претприемачи со најмалку 5 години релевантно искуство.

    Македонија2025 покрива две третини од трошоците, додека кандидатите учествуваат со сопствено кофинансирање

    Дознај повеќе информации за повикот, критериумите и начинот на аплицирање: ТУКА

    Зошто да аплицирате?

    Со овие два повика, Македонија2025 обезбедува уникатна можност за професионален раст, пристап до најсовремени знаења и создавање мрежа со глобални бизнис лидери. Крајната цел е да се зајакнат менаџерските капацитети во Македонија и да се поттикне долгорочен економски развој.

    Рокови за аплицирање:

    • Зафировски програмата за извршно образование – до 16 октомври 2025
    • Програмата за извршно образование во Канада  – до 25 октомври 2025

    За дополнителни информации може да се обратите на Нена Манчев, програмска менаџерка за програми од областа на лидерство и образование на [email protected]

    Македонија2025 останува посветена на градењето генерации лидери кои ќе ја движат нашата земја напред.

    Ова е ваша можност инвестирајте во себе за да ја промениме Македонија заедно!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично