ПОВЕЌЕ

    Повеќе инвестиции и нови извозни дестинации – Очекувања од партнерството со Дубаи

    Време зa читање: 4 минути

    Трговијата меѓу Македонија и Дубаи во изминатите пет години достигнала вкупна вредност од 495 милиони долари, а очекувањата се дека со новите иницијативи за соработка, овој обем ќе се зголеми за најмалку 12 проценти до 2030 година. Дубаи претставува глобален центар за трговија, инвестиции и пристап до африканскиот пазар, кој може да биде нова можност за македонскиот извоз.

    Ова произлезе на денешната средба во Владата со бизни делегацијата од Дубаи, предводена од претседателот и извршниот директор на Стопанската комора на Дубаи, Али Рашед Лута. Деловните можностите на земјава им беа презентрани од страна на премиерот Христијан Мицкоски.

    „Растечката соработка меѓу Дубаи и Северна Македонија ја одразува нашата заедничка амбиција да изградиме отпорни економии и да поттикнеме одржлив развој. Трговијата  меѓу нашите пазари достигна вкупно 495 милиони американски долари во текот на изминатите пет години, нагласувајќи го долгорочниот тренд на позитивен ангажман и растечки можности. Овој моментум се одразува и во растечкото присуство на македонските компании во Дубаи во различни сектори“, посочи Лута.

    Според неговите согледувања, во партнерството со државава има голем потенцијал:

    „Стопанската комора на Дубаи останува посветена на зајакнување на врските меѓу нашите деловни заедници и промовирање на инвестициски текови што ги унапредуваат нашите заеднички приоритети. Гледаме значаен потенцијал во ова партнерство и сме решени да осигуриме дека ќе донесе опипливи резултати преку проширена трговија и подлабока соработка за обликување на долгорочен просперитет на двата пазари“.

    Во тој правец се и очекувањата дека ќе се продлабочи соработката меѓу бизнис заедниците од Македонија и од ОАЕ, а трговската размена да се зголеми за 12 проценти до 2030 година.

    На средбата, премиерот Мицкоски информираше дека приоритет на Владата е економската стабилизација на земјата и привлекување што повеќе странски директни инвестиции.

    „Прво би сакал да ве информирам дека во текот на изминатите четири квартали, дојдовме до раст на нашиот домашен производ од нас 3%. Оваа Влада беше избрана пред околу 15 месеци и од самиот почеток нашиот најголем приоритет е економската стабилизација на земјата. Би сакале да се претставиме како Влада којашто е ориентирана кон бизнисот, којашто сака да ги поддржува деловните и бизнис можностите. Да донесе што е можно повеќе странски, директни инвестиции и секако да ги подржи домашните директни инвеститори“, посочи Мицкоски.

    Резултатот на таквите активности, како што нагласи, е значителен раст на инвестициите во текот на изминатата втора половина од минатата година и првата половина од оваа година. Во тој контекст укажа на стапките на раст кај бруто домашниот производ: „Имаме номинален раст од 7,8% што е многу важно за сите нас… Го забрзуваме градежништвото, туризмот, земјоделството, а особено внимание посветуваме на извозот на земјоделски производи коишто се произведени од нашите земјоделци и сметам дека досега добро ни оди. Ја консолидиравме економијата и создадовме добра бизнис клима“.

    Исто така, Мицкоски потенцира – „Доколку го анализираме европскиот пазар тогаш може да заклучиме дека имаме неверојатно достигнување, затоа што европскиот пазар се соочува со огромни предизвици, особено кога станува збор за автомобилската индустрија. Сметам дека засега ние нудиме добри решенија и сметам дека вашата идеја да се најде друг прозорец за можности, особено на африканскиот пазар, кога станува збор за резервни делови за автомобили, е навистина добра идеја“.

    Воедно, тој посочи и на туристичките потенцијали сп кои располага земјава, како и на се поголемиот број туристи што ја посетуваат Македонија. Туризмот го издвои межу владините приоритети.

    А, нагласи и дека Владата е насочена кон изградба на автопатишта, брзи патишта, училишта и други проекти значајни за граѓаните.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично