ПОВЕЌЕ

    М КЕШ одбележа 10 години постоење со шеста трговска конференција во Охрид

    Време зa читање: 2 минути

    На 12-ти јули, во хотел Метропол – Охрид, беше одржана шестата трговска конференција на финансиската компанија М КЕШ, под мотото „Од срце за срце“, во чест на 10-годишнината од нејзиното постоење.

    Настанот обедини повеќе од 200 вработени од целата држава, кои заедно го прославија успехот постигнат низ една деценија на посветена работа и раст. Конференцијата беше исполнета со инспиративни обраќања од клучните лица на компанијата, кои уште еднаш ја истакнаа важноста на вредностите врз кои се гради М КЕШ – работа од срце, со луѓе и за луѓе.

    Во знак на симболичност, учесниците пуштија балони во форма на срце, испраќајќи порака дека компанијата сѐ што прави – го прави со искрена посветеност и љубов кон клиентите и заедницата.

    Во рамки на настанот, Западната Ареа беше наградена за најмногу реализирани регионални општествено одговорни активности – признание кое сведочи за ангажманот на тимовите не само во бизнис резултати, туку и во придонесот за општеството.

    Презентацијата на конференцијата ги истакна и новините и проектите на кои компанијата работи како тим, со јасна визија за иднината. Дел од нив ќе започнат да се спроведуваат во наредните години, со цел дополнително подобрување на услугите и искуството на клиентите.

    Вечерта продолжи со гала-забава, впечатлива ледена скулптура со логото на М КЕШ, како и моменти на радост, поврзување и заедништво помеѓу колегите – атмосфера која уште еднаш го покажа силниот тимски дух што ја одликува компанијата.

    М КЕШ останува доследен на својата мисија – да биде поддршка на клиентите и партнерите, со професионализам, емпатија и визија за раст.

    „Од срце за срце“ не е само слоган, туку начин на работа – и патоказ за иднината што следи.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично