Нешто „МАСИВНО“ КВАЛИТЕТНО доаѓа во Скопје на 28 јуни на Стадионот на АРМ во Скопје!
Култниот авангарден бенд Massive Attack се враќаат во Скопје после 15 години, овојпат за сите генерации, и за оние што веќе ги гледале, но и за оние кои досега само слушале за нив!
Ако има некаква реална корист од технологијата и фактот дека таа секој ден е се’ подобра и подобра, а некои животни сегменти поради неа се се’ полоши и полоши, сигурно сте свесни дека, благодарение на неа, денес MASSIVE ATTACK звучат и изгледаат на сцена подобро од било кога досега, велат од Авалон Букинг, во чија организација и доаѓа култниот бенд од Островот.
Бидејќи, нивната музика е едноставно бесмртна, а техничките можности за нејзината презентација и интерперетација во живо подобри од било кога, велат организаторите на концертот.
Инаку, легендарниот британски трип-хоп бенд е оформен во далечната 1988 година во градот Бристол, а оригиналниот состав го сочинувале Роберт „3Д“ Дел Наџа, Грант „Деди Џи“ Маршал, Адриан „Трики“ Таус и Ендру „Машрум“ Воулс. Групата моментално ја сочинуваат Дел Наџа и Маршал.
Нивниот деби албум издаден во 1991 година, „Blue Lines“ е вклучен на бројни листи на најдобри песни и генерално се смета за прв албум од жанрот „трип-хоп“
Elizabeth Fraser, Horace Andy, Deborah Miller се вокалите позади сите најголеми песни на MASSIVE ATTACK и тие ќе настапуваат во Скопје за звучен, визуелен атак и once in a lifetime искуство.
Песните како “Safe from harm “, “Angel”, Teardrop”, Protection”, “Unfinished Symphony “, “Inertia Creeps”, се бисери во светската дискографија, но познати се и како песни кои во живо се далеку повозбудливи од студиските верзии, а скопската публика ќе има можност да ги слушне на 28 јуни – сабота на Стадион на АРМ.
За да се случат годинава во нашата земја Massive Attack, требаше многу коцки да се склопат. Требаше да учествуваме во склопувањето на мозаикот од самиот почеток на склопување на нивната светска турнеја, велат од Авалон Букинг.
Влезниците за концертот на Масив Атак се во продажба на avalonbooking.mk.