ПОВЕЌЕ

    Цените на станови во Европа пораснаа за 53% – Унгарија и Исланд со рекорден раст

    Време зa читање: 2 минути

    Во последната деценија, европскиот пазар на недвижности доживеа драматичен раст – според последните анализи, цените на становите во Европската Унија се зголемиле во просек за 53% помеѓу 2015 и 2024 година. Некои земји бележат дури и тројно повисоки цени, со што сопственичкиот стан станува сè понедостапен за многумина.

    Главни двигатели: скапи кредити, недостиг на понуда, инвестиции

    Причините за ценовниот скок се повисоките трошоци за градба, растот на каматните стапки на станбените кредити, но и ограничената понуда на станови во урбаните средини. Дополнително, во последните години расте и бројот на инвестициски купувачи, кои недвижностите ги гледаат како безбедна заштита од инфлација.

    Унгарија – цените се утроиле

    На врвот на листата е Унгарија, каде што цените на становите денес се речиси трипати повисоки отколку пред десет години. Во Будимпешта, просечната цена за стан се движи од 250.000 до 1,5 милиони евра, зависно од локацијата и типот на објектот.

    Исланд – високи цени и покрај забавување

    Следува Исланд, каде што недвижностите се 2,5 пати поскапи. Во главниот град Рејкјавик, стан во просек чини околу 558.000 евра. Иако Банката на Исланд предупредува на намалена побарувачка, во март 2025 година цените и понатаму растеле со годишна стапка од 8%.

    Повеќе од двојни цени и во Литванија, Португалија, Чешка…

    Значителен раст е забележан и во:

    • Литванија
    • Португалија
    • Чешка
    • Бугарија
    • Естонија
    • Полска
      Во овие земји, цените на станови се најмалку двојно зголемени во споредба со 2015 година.

    Исклучок – Финска

    Единствена поинаква слика доаѓа од Финска, каде цените останале речиси непроменети во последната деценија. Сепак, се бележат значителни разлики меѓу урбаните средини, особено Хелсинки, и руралните региони.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично