ПОВЕЌЕ

    Се отвора стечај за СН Осигурителен Брокер

    Време зa читање: 2 минути

    СН Осигурителен Брокер оди во стечај. Основниот суд во Битола, по рочиштето за испитување на условите, ги усвои предлозите на четворицата доверители, споени во еден, за отоврање стечајна постапка. За стечаен управник е определен Стечај Плус ТП Битола, а Даниела Блажевска, од времен е назначена за овластен стечаен управник. Отворањето на стечајната постапка е запишано во трговскиот регистер кој се води во Централниот регистар.

    Воедно, се повикуваат доверителите да ги пријават своите побарувања кај стечајниот управник. Рокот е 15 дена по објавувањето на решението во Службен весник. Исто така, тоа треба да го сторат и доверителите кои имаат разлачни права на подвижни предмети и права на должникот, како и тие кои имаат разлачни права на недвижности што не се запишани во јавните книги.

    А, пак, сите кои имаат долгови кон СН Осигурителен Брокер, треба да ги исполнат своите обврски.

    Испитно и извештајно рочиште е закажано за 26 јуни, а како што се посочува – жалбата поднесена против решението не го задржува неговото извршување.

    Доверителите го покренаа овој процес со образложение дека СН Осигурителен Брокер е неликвиден и не е во состојба да ги намирува обврските од редовното работење. Во март годинава, Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување донесе решение на битолската фирма да и се одземе дозволата за вршење на осигурително брокерски работи. Како причина беше наведено неправилното работење на друштвото, кое се коси со повеќе одредби од Законот за супервизија на осигурување. Тие неправилности биле утврдени минатата година при спроведената теренска супервизија. Битолското друштво не ги отстранил пропустите во дадениот рок. Поради сето тоа, СН Осигурителен Брокер е на берзанската „Листата за набљудување“ со проширена основа за обрнување внимание.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично