Smart Invest Group е нова инвестициска платформа зад која стојат докажани компании од различни сектори, со заедничка цел – да го направат инвестирањето подостапно и попаметно.
Инвестирањето, како и бројот на инвеститори во различни проекти и фондови, постојано расте – и на глобално, и на локално ниво. Некои инвестираат на берза во акции и хартии од вредност, некои во крипто валути, а некои во недвижности.
Инвестирањето во недвижности отсекогаш било атрактивна и најсигурна опција за оние кои сакаат да го заштитат и зголемат својот капитал. Но, многумина се откажувале поради потребата од висока, еднократна инвестиција.
За првпат кај нас, Smart Invest Group преку својата веб-платформа овозможува инвестирање на рати – алтернатива на класичното еднократно инвестирање, прилагодена на денешните можности и потреби на секој инвеститор.
Како тоа функционира?
Доколку некој проект на платформата на Smart Invest Group има преостанат рок од 12 месеци до негово завршување, наместо класично еднократно инвестирање, сега постои можност за инвестирање на 12 месечни рати во тој конкретен проект. Преку едноставен онлајн интерфејс се избира месечниот износ, а специјално развиениот алгоритам веднаш пресметува колкава капитална добивка ќе се оствари на крајот од проектот.
Со овој модел не е потребна голема еднократна сума. Инвестицијата се гради постепено, слично на штедење, но со многу поголем потенцијал за поврат.
Кога ги добивате средствата?
Во моделот на инвестирање на рати, и добивката и главницата се исплаќаат на крајот од проектот. За разлика од еднократното инвестирање, каде што добивките се исплаќаат месечно, овој пристап е идеален за оние кои сакаат да го зголемат капиталот и да го добијат наеднаш по завршувањето на проектот.
Кои се придобивките?
- Ниска бариера за влез – инвестирање со помали износи
- Целосна флексибилност – избор на бројот на рати во согласност со тековните осум проекти
- Јасна пресметка на добивка – автоматизиран систем
- Безбедност и транспарентност – гарантирани со правно регулиран договор
Smart Invest Group го прави инвестирањето во недвижности достапно за пошироката јавност – без разлика дали сте искусен инвеститор, или нов ентузијаст што сака паметно да го искористи својот месечен приход.