ПОВЕЌЕ

    ЗА НЕОБЈАВЕНИ ИНФОРМАЦИИ – Јавна опомена од Берзата за Факом

    Време зa читање: 2 минути

    Скопски Факом доби јавна опомена од Македонска берза. Причина е ненавременото објавување на информациите. Прекршени се Правилата за котација, во делот кој предвидува дека податоците мора да се јавно достапни за да се добие реална претстава за моменталната состојба во друштвото

    „На друштвото Факом АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, му е изречена мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата, поради тоа што ги нема навремено објавено сите информации нужни за проценка на моменталната состојба на друштво и информации за промените во финансиската состојба и со тоа издавачот не постапи согласно член 32, став 1 и член 35, став 1, алинеја 1 од Правилата за котација“, соопштија од Македонска берза.

    Конкретно, посочените членови предвидуваат:

    „Со цел да не се создаде лажна слика на пазарот за хартиите од вредност, издавачот чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на берзата има постојана обврска да ги објавува сите информации нужни за проценка на моменталната состојба на друштвото“, наведено е во ставот 1 од членот 32.

    Членот 35 го регулира делот – зачајни промени во финансиската состојба. А, пак, во став 1, алинеја 1 е предвидено:

    „Издавачот е должен, без одлагање, да ги објави следните информации во врска со промените во финансиската состојба: осетни намалувања на добивката, загуби поголеми од 30% од активата на друштвото или значајни зголемувања на добивката во два последователни периоди“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично