ПОВЕЌЕ

    ПОТОНА ТУРИСТИЧКА ПОДМОРНИЦА КРАЈ ХУРГАДА, шестмина загинати, девет лица повредени

    Време зa читање: 2 минути

    Шест лица загинаа откако туристичка подморница потона во близина на брегот на Египет. Други девет лица се повредени во инцидентот, од кои четворица се во критична состојба, според локалните извештаи.

    Туристичката подморница, наречена Синдбад, превезувала 44 патници во моментот на потонувањето во четвртокот, додека пловела покрај брегот на Хургада.

    Спасувачките служби досега успеале да спасат 29 луѓе, пишува египетскиот весник „Ал Масри Ал Јум“.

    Дирекцијата за безбедност на Црвеното Море добила дојава за потонувањето на туристичката подморница, што се случило пред пристаништето на „познат хотел“ кој се уште не е именуван во локалните медиуми.

    Извори потврдија за весникот дека Управата за здравство на Црвеното Море и египетската управа за брза помош се ставени во максимална готовност по инцидентот.

    На местото на несреќата е испратено 21 возило на брза помош, кои поради сериозноста на состојбата ги превезуваат повредените во локалните болници.

    44-те патници од различни националности биле на патување под море за да ги видат египетските корални гребени и тропските риби пред да потонеподморницата, која наводно може да нурне на длабочина до 25 метри.

    Според дневниот весник, подморницата веќе неколку години извршува туристички патувања во Хургада.

    Причината и околностите за потонувањето се уште не се потврдени или пријавени.

    (Фото: Трипадвајзор)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично