ПОВЕЌЕ

    Акциите на „Герас Цунев“ со најголем пад – цената од 310 денари иста со планираната на Вице Заев за преземање 

    Време зa читање: 2 минути

    На официјалниот пазар не е забележано големо позитивно поместување кај вредноста на акциите во октомври. Петте акции со најголем раст имаат придвижувања од под еден до над три проценти, а максимумот е постигнат кај хартијата од вредност на битолската Стопанска банка. На табелата со минусен предзнак двете први места ги зазема струмички „Герас Цунев“ – конфекција и трговија. Нивната просечна цена опаднала до нивото определено со намерата за преземање од страна на „Тотал инженеринг“ на Вице Заев, кој од неодамна е мнозински сопственик во целните друштва.

    На 30 септември имала вредност од 3.200, а на 31 октомври – 3.300 денари. Акцијата на Стопанска банка Битола е прворангирана според позитивната промена од 3,12 проценти.

    Зголемување од 3,04 насто е регистрирано кај акцијата на РЖ „Техничка контрола Скопје“. Просекот пораснал од 560 на 577 денари.

    На средината од оваа табела се Оранжерии Хамзалиод Струмица. Промената е од 300 на 308 денари, или за 2,67 насто.

    Акцијата на скопската Цементарница „Усје“ просечната цена ја зголемила за 1,93 проценти и достигнува 37.000 денари (во септември – 36.300 денари).

    Во друштвото на позитивните со плус од 0,09 проценти е и акцијата на НЛБ банка. Просечната цена во септември била 44.850, а во октомври 44.890 денари.

    Со минусот од 38 проценти, кој во октомвриската берзанска статистика е запишан како најголемо опаѓање, Герас Цунев е на првата и на втората позиција. Акцииите на конфекција и на трговија имаат цена од 310 денари, додека просекот во септември бил 500 денари.

    Во септември ја предводеше листата со најголем раст, а сега е на третата позиција меѓу петте акции со најголем пад. Акцијата на Гранит изгубила 9,09 проценти и има просек од 1.600 денари (претходно 1.760 денари).

    Опадната е и просечната вредност на една од најтргуваните акции во октомври – на Македонијатурист. На крајот од септември, кога беше на четвртото место според растот, чинела 8.499,94, а еден месец подоцна – 7.754,83 денари. Има намалување од 8,77 отсто.

    И во август и во септември акцијата на Адинг беше позиционирана на позитивната листа. Во октомври бележи промена од минус 8,33 проценти и просечна цена од 1.650 денари, за разлика од септемвриската – од 1.800 денари.

    НА МАКЕДОНИЈА Ѝ ТРЕБА ПОСТЕПЕНА ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА заради одржливост на стопанството и заради граѓаните

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично