ПОВЕЌЕ

    ЕКС-ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СРБИЈА, ТАДИЌ стана директор на кинеска компанија за вселенска технологија во Хонг Конг

    Време зa читање: 2 минути

    Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ е новиот член на Одборот на директори на компанијата USPACE Technology Group, која се бави со развој на технологии кои би се применувале во вселената, со изградба на сателити и опрема за вселенски истражувања.

    Компанијата со седиште и во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати и во Хонг Конг, во својот Одбор на директори Тадиќ го вклучи како независен извршен директор. Истовремено, за извршен директор е поставен тунижанецот Мохамед Бен Амор како извршен директор и претседател на одборот, заедно со Сун Фенгјан од Кина.

    Во информацијата до јавноста, компанијата соопшти дека причина за изборот е тоа што “новоназначените лица носат долгогодишно искуство во воздушниот сектор, што се очекува да ја зајакне глобалната конкурентност на USPACE и да ја прошири својата мрежа за соработка на глобалниот пазар на воздухопловство“.

    Компанијата USPACE е ангажирана на искористување на технологијата и апликативните услуги во вселената за промовирање на одржливиот развој на Земјата и унапредувањето на човечкото општество. “Нашата цел е да станеме водечки снабдувач на технологија во вселената и глобални апликативни услуги. Сржта на нашиот бизнис развој е производството на сателити, околу кое градиме интегриран комерцијален вселенски екосистем“.

    Ова вклучува производство на сателитски компоненти, производство на прецизна електроника, апликации за сателитски податоци, сателитска телеметрија, следење и контрола (TT&C), додека нивната оперативна подружница, ASPACE Satellite Technology Limited (ASPACE), е специјализиран производител на сателити што го таргетира глобалниот комерцијален воздухопловниот пазар.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично