ПОВЕЌЕ

    Инвестициските фондови „изгореа“ во јули – негатива од 6,9 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Зголемени одливи, намалени приливи и негативна разлика е јулската состојба кај отворените инвестициски фондови. На последниот ден од минатиот месец нивната нето-вредност е намалена за 200 милиони денари или за речиси 3,3 милиони евра во споредба со јуни и е во износ од 17,6 милјарди денари, односно 290 милиони евра.

    Податоците од месечниот извештај на Комисијата за хартии од вредност покажуваат дека на ова месечно намалување од 1,3 отсто влијаеле падот на приливите и растот на одливите на средства. Во јули, во инвестициските фондови дотекле 23,2 милиони евра. Сумата е за 34,85 проценти пониска од забележаната во јуни од 35,6 милиони евра. Наспроти тоа, истекле за 62,93 насто повеќе пари во споредба со јуни, па во јули е запишан износ од 30,1 милион евра.

    Од претходните движења произлегува и негативната нето-разлика од 6,9 милиони евра.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично