ПОВЕЌЕ

    Инфлацијата во јуни 3,2 проценти

    Време зa читање: 2 минути

    Инфлацијата во јуни е со годишна стапка од 3,2 проценти. Месечната, пак, мерена преку споредба на јунските во однос на мајските животни трошоци е -0,3 проценти.

    Од Државниот завод за статистика посочуваат дека месечиот пад е заснован на пониските цени во транспортот за 4,2 %, во комуникациите за 0,4 % и во групата храна и безалкохолни пијалаци – 0,3 %.

    Сепак, побројни се групите каде што статистиката забележала зголемување на трошоците на живот: здравје за 1,2 %, разновидни стоки и услуги за 0,9 %, ресторани и хотели за 0,7 %, рекреација и култура за 0,5 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,3 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,2 %, облека и обувки за 0,1 %.

    Единствено нема промени кај трошоците во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, како и во образование, кои се на нивото од мај.

    Индексот на цените на мало во јуни, во однос на мај изнесува 99.1.

    Индексот на трошоците на животот во јуни споредено со јуни 2023 година бележи зголемување од 3,2 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4,1 %, наведено е во соопштението од Статистика

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично