ПОВЕЌЕ

    До март – за пензионерите две линеарки по 2.500 денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    За зголемување на пензиите треба да се чека ребалансот на Буџетот, затоа што во актуелниот нема пари, но пензионерите ќе добијат линеарно по 2.500 денари, прво во септември, па потоа и во март идната година, изјави премиерот Христијан Мицкоски. На ребалансот интензивно се работи, а се најавува за средината на идниот месец.

    „Во буџетот што е поминат за оваа година недостасуваат средства за тековни пензии. Се трошеле за работи за кои мислам дека многу ќе се занимаваат истражните органи во периодот што следи. Уште дополнителни 2,5 милијарди денари се подготвени за ова првично зголемување кое ќе биде во септември“, вели Мицкоски.

    Одговарајќи на новинарски прашања по денешното ставање камен-темелник на училиште во Драчево посочи дека даденото ветување за линеарно зголемување на пензиите од пет илјади денари во првата година од мандатот ќе биде и порано исполнето, не до јуни, туку до март идната година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично