ПОВЕЌЕ

    „Силекс“: Приходите и трошоците во минус, добивката со плус 292 проценти

    Време зa читање: 2 минути

    Кратовски „Силекс“ на крајот од првото тримесечје има добивка од близу 380 илјади евра. Во споредба со истиот минатогодишен период забележано е зголемување од над 292 проценти. За разлика од профитот, во сите други сегменти има потфрлување. При што единствена поволност претставува намалувањето на трошоците.

    Во финансискиот извештај е наведено дека чистата добивка остварена од јануари до март е 23,363 илјади денари. Лани се работело за иснос од 7,994 илјади денари, односно за 129,9 илјади евра.

    Намалување од речиси десет отсто има кај оперативните приходи – 245,630 илјади денари (3,99 милиони евра). Во тие рамки, од продажбата се инкасирани 244,924 илјади денари (3,97 милиони евра). Што споредено со ланскиот прв квартал е помалку за 7,53 отсто.

    Со минусен предзнак се реализираните продажби и на домашниот и на странските пазари. Остварувањата на домашниот терен се намалени за 7,43 проценти и изнесуваат 82,487 илјади денари (1,34 милиони евра). Извозот, пак, обезбедил прилив од 162,437 илјади денари (2,63 милиони евра), кој е за 7,6 отсто понизок од споредбениот минатогодишен период.

    На расходната страна има намалување од 16,5 проценти. Од ланските тримесечни во износ од 264,844 илјади денари (4,3 милиони евра) на сегашните 221,121 илјада денари (3,59 милиони евра).

    Основната дејност на „Силекс“ е рударство и вадење камен, но е основач на повеќе фирми и се занимава со различни бизнис дејности.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично