ПОВЕЌЕ

    Д-р Симеонов: „Државата треба да покаже сериозност и да инвестира во примарното здравство“

    Време зa читање: 2 минути

    „Доволно е, промени се потребни сега и веднаш. Докторите треба да почувствуваат дека местото им е овде.“ вели детскиот хирург д-р Ристо Симеонов во интервју за Дневникот на ТВ Сител по повод Светскиот ден на здравјето.

    Осврнувајќи се на клучните проблеми: корупција, неефикасност и отсуство на одговорност, кои го прават здравствениот систем нефункционален д-р Симеонов потенцираше дека со правилна прераспределба на кадри, регионализација, планирање на специјализации по потреба, а не по желба, може да се реши дефицитот на кадри.

    Според д-р Симеонов, примарното здравство треба да биде столбот и државата треба да покаже сериозност и да инвестира во примарното здравство, да се покачи капитацијата и да се даваат грантови за отворање ординации во рурални средини.

    „Маврово толкава амбуланта не работи со години. Превенцијата треба да се одвива преку примарното здравство. Сите здравствени домови сите поликлиники треба да бидат центри за превенција, да имаат скрининг програми. Матичните доктори треба да ги организираат тие скрининг програми но од друга страна и пациентите треба да одат на закажани прегледи од тие скрининг програми затоа што во моментов имаме епидемија на малигни болести, кардиоваскуларни болести, мораме да превенираме.“

    За денес најавија протест здравствените работници, а деновиве беше актуелен и протестот на приватните специјализанти.

    „Искуството покажало дека младите доктори само се залажуваат. Решението треба да биде системско. Треба да бидат вработени на неопределено време и зад секоја специјализација да стои соодветна здравствена институција. Државата мора да вложува во младите доктори. Замислете еден специјализант на петта година на специјализација да си замине од државава. Ние имаме 5 изгубени години, затоа што треба друг доктор да запише специјализацијa и да ги стигне неговите 5. Ние постојано во здравството го бркаме времето. Доволно е, промени се потребни сега и веднаш.“ додава д-р Симеонов за Сител зборувајќи за состојбата со специјализантите и одливот на лекари од Македонија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично