ПОВЕЌЕ

    Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

    Време зa читање: 3 минути

    Учениците од Општина Дојран ќе имаат можност да се стекнат со знаења за врсничко насилство преку работилници овозможени од „Макпетрол“. Како и во претходните 17 општини, со кои компанијата потпиша меморандуми за соработка, и во Дојран ќе се одржат едукативни средби предводени од психолог. Споделувајќи искуства здобиени преку практична работа на оваа тема, како и дополнителни образовни информации, психологот на учениците ќе им пренесе како да го препознаат булингот и како да постапат кога со него се соочуваат.

    Со овие активности Општина Дојран стана дел од кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ на „Макпетрол“. За таа цел, Марија Јосифовска-Спасовска, членка на управниот одбор и директорка во компанијата и градоначалникот Анго Ангов, потпишаа меморандум за соработка.

    Покрај Дојран, во првите три месеци од годинава во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се вклучија и Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево. До крајот на 2023, компанијата потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров.

    Работилници во дел од 18 општини веќе се одржаа, а во останатите или се во тек или ќе се одвиваат во периодот што следува. За секое училиште „Макпетрол“ обезбедува и едукативни материјали кои што, освен за учениците и за наставниците, се наменети и за стручните служби, но и за родителите. Преку нив, како и со едукативните средби, учесниците се запознаваат со физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството како форми на булинг.

    Подетални информации за врсничкото насилство се содржани и на интернет-страницата kreniglas.mk. Како централен дел од кампањата, оваа платформа служи и за анонимно споделување лични искуства поврзани со врсничкото насилство.

    „Макпетрол“, преку активностите што се дел од „Крени глас против врсничко насилство“, исполнува една од своите најзначајни цели – општествената одговорност. Со работилниците, како и со останатите сегменти од кампањата, компанијата обезбедува развој на заедницата и овозможува поддршка на децата и на младите. „Макпетрол“ и понатаму ќе креира услови кои што на следните генерации ќе им овозможат да го реализираат својот талент и потенцијал.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично