ПОВЕЌЕ

    Од 20 до 24 март Саем за мебел со познати брендови и неодоливи цени

    Време зa читање: 2 минути

    За само две недели отсега следува големо саемско освежување во Скопје. Од 20 до 24 март ќе се одржи годинешното издание на Саемот на мебел во комплексот „Борис Трајковски“ со неверојатен избор, исклучителни понуди и неодоливи цени.

    За ова саемско издание, организаторите обезбедија соодветен капацитет, односно изложувачите и посетителите ќе ги пречекаат во поголем изложбен простор, уреден по високи стандарди со оригинален концепт.

    Посетителите ќе имаат можност на едно место да најдат сѐ што им е потребно за да го освежат домот, од едноставен и минималистички мебел до префинети и впечатливи парчиња мебел. Исто така, секој ќе може да ја искористи ексклузивната можност, односно да добие професионален совет за комбинирање на различни бои и материјали, насоки за максимално да го искористат нивниот простор со мебел со идеални димензии, а сепак да биде модерен и трендовски.

    Комерцијална банка АД Скопје повторно ќе биде партнер на Саемот на мебел. На својот штанд ќе ја претстави понудата на кредитни производи и картички и ќе им ја понуди потребната поддршка на посетителите на Саемот за лесно и едноставно да го обезбедат посакуваното парче мебел.

    На Саемот ќе учествуваат многу изложувачи со над 70 претставени домашни и меѓународни брендови, кои со сигурност ќе бидат вистинското освежување за сечиј дом.

    Овој Саем ќе понуди голем избор на мебел, поволни цени, совети за уредување и финансиска поддршка, затоа посети го Саем на мебел 2024 и „Освежи го својот дом“ брзо, лесно, едноставно и стилски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично