ПОВЕЌЕ

    СТАТИСТИКА: Преку 55 проценти од македонските граѓани не можат да си дозволат годишен одмор

    Време зa читање: 2 минути

    Повеќе од половина македонски граѓани, односно 55.5% од популацијата на Северна Македонија не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор, подалеку од дома, покажуват статистичките податоци, објавени од Ландгајст. Графички претставени на картата на Европа, податоците кои ги има собрано Ландгајст потекнуваат од Еуростат, статистичката агенција на Европската унија.

    Според оваа карта, процентот на домаќинства кои можат да си дозволат годишен еднонеделен одмор надвор од дома во земјите во и вон ЕУ силно варира, во зависност од животниот стандард на граѓаните во тие држави.  Највисок процент на граѓани кои не можат да си дозволат годишен одмор во текот на една година се во Косово (69,5%), во Црна Гора (67,2%), во Романија (62,5%), Турција (60,8%), Албанија (58,3%) и Северна Македонија (55,0%), каде бројките надминуваат една половина од популацијата.

    Најголем контраст со овие држави претставува состојбата во државите каде што помалку од 10% од домаќинствата не можат да си дозволат годишен одмор од една недела од дома. Тоа се државите како Луксембург, каде процентот домаќинства кои не можат да си дозволат годишен одмор изнесува само 7,6%, Норвешка (7,9%), Швајцарија (8,4%) и Исланд (8,6%).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично