ПОВЕЌЕ

    Директорката Билјана Максимовска – Поповиќ купи 100 акции од Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Главниот директор за корпоративно банкарство, Билјана Максимовска – Поповиќ станала сопственик на сто акции од Комерцијална банка, каде што е дел и од Управниот одбор.

    Информацијата, преку Македонска берза, ја објави Банката:

    „Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-ѓа Билјана Максимовска – Поповиќ, главен директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор, се стекна со 100 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“.

    Максимовска Поповиќ има долгогодишно работно искуство во Банката – од 1997, а добар дел од стажот го минува на раководни позиции. Кон менаџментот се приклучува во 2003 година како директор на Дирекцијата за кредитирање на индустрија, а подоцна во 2007 година е назначена за директор на Секторот за кредитирање на стопанството. Актуелната функцијата главен директор за корпоративно банкарство ја извршува од 2022. Истата година е избрана за член во Управниот одбор.

    Купувањето акции од страна на членови од раководниот тим, во инвеститорската јавност се смета за значаен индикатор кој упатува на стабилноста и успешноста на компаниите. Најголемата македонска банка го има тој статус. Минатата година ја заврши со добивка од над 58 милиони евра. На Македонската берза акцијата на Комерцијална банка подолг период е најтргувана и остварува голем промет. Билансот од трувањето во 2023 е 4.396 трансакции и промет од 25,6 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично