ПОВЕЌЕ

    Словенија воведува времен данок за банките

    Време зa читање: 2 минути

    Словенечкиот даночен систем се проширува со два нови даноци, чија примена почнува наредната година. За новините пишува даночниот експерт Павле Гацов.

    „Словенија од 2024 година во наредните 5 години (до 2028 година) воведува две главни даночни новини (поголем данок на добивка и условен модел на оданочување на банките).

    Првата, е привремено зголемување на стапката на данокот на добивка од 19% на 22% (ќе важи 5 календарските години: 2024-2028).

    Втората, е оданочување на банките, односно воведување привремен данок од 0,2% на вкупниот биланс на состојба (актива, односно вредност на сите средства) на словенечките банки и филијали на странски банки во Словенија исто така за период од 5 години (2024-2028).

    Овој данок  банките може да го намалат со квалификувани донации за отстранување на штетите од поплавите и одроните од 2023 година.

    Банкарскиот данок може да се намали и за износот на дополнителниот данок на добивка што се плаќа како резултат на зголемувањето на стапката на данокот на добивка од 19% на 22%. Банкарскиот данок е ограничен на 30% од добивката од редовното работење“, напиша Гацов на „Фејсбук“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично