ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка известува за исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита

    Време зa читање: < 1 минутa

    НЛБ Банка на 5.12.2023 година (вторник) започнува со исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита.

    Во насока на намалување на гужвите во експозитурите, од 5 декември, клиентите на НЛБ Банка ќе можат да ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед.

    Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:

    Исплатата на благајна, ќе биде организирана во 2 групи по азбучен ред, и тоа според првата буква на презимето, во следните два работни дена, и тоа:

    •           5 – ти декември (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ

    •           6 – ми декември (среда) – М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично