ПОВЕЌЕ

    Министерот Бесими и јавниот обвинител Јовески потпишаа Меморандум за соработка за заштита на финансиските интереси на ЕУ во Македонија

    Време зa читање: 2 минути

    Со Меморандум за соработка меѓу Министерството за финансии и Јавното обвинителство се зајакнува меѓуинституционалната соработка со цел сузбивање неправилности, измами, корупција и други незаконски активности насочени против финансиските интереси на ЕУ во Македонија.

    Меморандумот за соработка денеска беше потпишан од страна на министерот за финансии, Фатмир Бесими и јавниот обвинител на Македонија, Љубомир Јовески.

    Иницијативата за Меморандумите за соработка меѓу Mинистерството за финансии и клучните институции во областа на заштита на финансиските интереси е резултат на добрата пракса во земјите-членки на Европската унија, преку воспоставување на солидна координација на системот за заштита на финансиските интереси на Унијата.

    Оттука, Mинистерството за финансии како координатор на системот за заштита на финансиските интереси на Европската Унија ја иницираше потребата од потпишување на меморандуми за соработка од областа на заштита на финансиските интереси на ЕУ во Македонија. Меморандумите се подготвуваа во рамки на ИПА Твининг проектот „Зајакнување на функциите на буџетско планирање, извршување и внатрешна контрола“, со поддршка  на експерти од Хрватска и Латвија.

    „Верувам дека со координација на клучните институции ќе се зајакне соработката во областа на заштита на финасиските интереси посебно од аспект на размената на информации, меѓусебна обука и едукација, споделување на најдобрите практики преку учество на заеднички состаноци во рамките на Системот за заштита на финансиските интереси на ЕУ, како и подигнување на јавната свест преку заеднички комуникациски активности во областа на спречување на неправилности и измами и координација со цел да се избегне удвојување на дејствијата“ – истакна министерот Бесими.

    Покрај Јавното обвинителство, Меморандум за соработка со Министерството за финансии  денеска беше потпишан и од страна на директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов и главниот ревизор во Ревизорското тело за ревизија на инструментот ИПА, Адем Цури, како институции кои се исто така клучни за ефикасна и ефективна заштита на финансиските интереси на Европската Унија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично