ПОВЕЌЕ

    ОВА СЕ ПЕТТЕ ОТКРИТИЈА ЗА НЛО ШТО НАСА ги сподели со светот

    Време зa читање: 4 минути

    Американските власти испитале околу 800 мистериозни извештаи за неидентификувани летечки објекти собрани во текот на децении – но само мал дел се навистина необјаснети, вели панел на истражувачи. НАСА го формираше панелот минатата година за да ја објасни својата работа на она што го нарекува неидентификувани аномални феномени (unidentified anomalous phenomena – UAP).

    UAP се дефинирани како видувања „кои не можат да се идентификуваат како авиони или познати природни феномени од научна перспектива“.

    Панелот го одржа својот прв јавен состанок во средата. Еве некои од откривачките моменти.

    НАЈМИСТЕРИОЗНИ СЕ ИЗВЕШТАИТЕ НА ПИЛОТИ

    Многу видувања може да се објаснат – други остануваат мистерија
    „Имаме од 50 до 100 нови извештаи секој месец“, рече Шон Киркпатрик, директор на Канцеларијата за решавање на аномалии на сите домени (AARO), дел од Министерството за одбрана на САД.

    Но, тој рече дека бројот на оние видувања кои се „можеби навистина аномални“ се 2% до 5% од вкупната база на податоци.

    Во еден момент за време на сослушувањето, видео снимено од авион на морнрицата над западниот дел на САД покажа низа точки кои се движат низ ноќното небо. Воениот авион не можеше да го пресретне објектот, за кој се покажа дека е комерцијален авион кој се движел кон главниот аеродром.

    Другите видувања се помистериозни.

    Во извештајот на Пентагон во 2021 година се вели дека од 144 видувања од воени пилоти направени од 2004 година, сите до еден останале необјаснети. Официјалните лица не ја исклучија можноста дека предметите се вонземски.

    Киркпатрик, исто така, истакна дека загриженоста за приватноста ги ограничува истрагите на агенцијата. „Можеме да го насочиме најголемиот апарат за надзор на целиот свет во која точка сакаме“, рече тој.

    „Многу од она што го имаме е околу континенталните Соединетите Американски Држави“, додаде тој. „На повеќето луѓе…не им се допаѓа кога го насочуваме целиот наш апарат за надзор во нивниот двор“.

    МЕСТО НЛО – МИКРОБРАНОВА ПЕЧКА

    Податоците поврзани со UAP честопати се тешки за интерпретација и лесно може да се искриват. Дејвид Спергел, претседател на тимот на НАСА за UAP, спомна наплив на радио бранови кои ги забележале истражувачите во Австралија.

    „Тие имаа навистина чудна структура. Луѓето не можеа да сфатат што се случува. Потоа почнаа да забележуваат дека многу од нив се групираат заедно во време околу ручек“, рече тој. Се испоставило дека чувствителните инструменти што ги користеле истражувачите примале сигнали од микробранова печка што се користи за загревање на нивните ручеци.

    Скот Кели, поранешен астронаут и пилот со децениско искуство, раскажа приказна за оптичка илузија.

    Тој и неговиот копилот летаа во близина на Вирџинија Бич и неговиот колега „беше убеден дека пролетавме покрај НЛО“. „Не го видов. Се свртевме, отидовме да го погледнеме, излезе дека е тоа Барт Симпсон – балон“.

    Комерцијалните пилоти многу не сакаат да пријават видувања, рече г-дин Спергел, поради стигмата околу летечките чинии. „Една од нашите цели е да ја отстраниме стигмата“, рече тој, „бидејќи има потреба од висококвалитетни податоци за решавање на важни прашања за UAPs“.

    И некои научници се соочија со малтретирање на интернет за нивната работа во областа. „Вознемирувањето води само до понатамошно стигматизирање на полето на UAP, значително попречувајќи го научниот процес и обесхрабрувајќи ги другите да ја проучуваат оваа важна тема“, рече шефот на науката на НАСА, Никола Фокс.

    КОНЕЧНО ТРАНСПАРЕНТНИ

    Една од причините зошто состанокот во среда е толку значаен е промената на пристапот на НАСА. Вселенската агенција потроши децении на разоткривање на НЛО.

    На крајот од рочиштето панелот постави прашања од јавноста. Едната беше „Што крие НАСА?“ Ден Еванс од НАСА одговори дека агенцијата е посветена на транспарентноста. „Затоа денеска сме овде во живо на телевизија“, рече тој.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично