ПОВЕЌЕ

    Атанас Кочов, кандидат за ректор на УКИМ: На Универзитетот му е потребен претприемнички дух и нов систем на менаџирање

    Време зa читање: 2 минути

    Како и во секоја средина, и во УКИМ има наталожени проблеми кои мора да се решат. Но, предност треба да им се даде на горливите, кои веќе не можат да трпат одложувања. Меѓу нив се менаџирањето со средствата и инфраструктрата, укажува актуелниот кандидат за ректор на најстариот македонски Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, проф. д-р Атанас Кочов од Машинскиот факултет.

    Состојбата со концентрацијата на средствата не е нова. Сите средства што доаѓаат од меѓународните проекти се слеваат, што значи се концентрираат во УКИМ. Се оди таму и од таму. Значи, секој што добил, односно води некој проект, треба да моли за да му се одобри патување, да се одобрат средства. Има поплаки од колегите, дури ни патните налози не може да им се реализираат, затоа што немало планови за јавни набавки“, укажува професорот на состојбите кои итно треба да се санираат и трансформираат. Тоа може да се среди интерно, дециден е тој, само треба да се обезбеди нов систем за менаџирање на тие средства.

    И инфраструктурата досега можеше да се реши. Сепак, се уште два објекти го нагрдуваат кампусот. Зарем толку УКИМ со своите кадри не можеше да издејствува тоа да се заврши!?“, реагира Кочов.

    Воедно, посочува: „ФИНКИ има четири илјади активни студенти. Убедливо најголем број. Наставата се одвива на четири факултети каде што се под кирија. Професорите се сместени во подрумски простории. И не е само тој просторен проблем, има факултети чии објекти се руинирани“.

    Решението го гледа во претприемништвото.

    Универзитетот мора да има претприемнички дух. Поседува голем недвижен капитал низ Македонија кој не е искористен. Зошто да не се оди на јавно-приватно партнерство? Тоа ќе дозволи влез на капиталот од стопанството, со кој ќе се надградиме. Ефектите ќе бидат повеќекратни. Ќе се обезбедат подобри услови за настава и повеќе средства за плати“, е предлог што го нуди кандидатот за нов ректор, Атанас Кочов.

    Повеќе информации за Проф. д-р Атанас Кочов – https://www.atanaskochov.com/

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично