ПОВЕЌЕ

    Нова поволност за рати без камати со дебитните картички на Комерцијална банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Дебитните картички на Комерцијална банка стануваат верен пријател на вашиот месечен буџет затоа што сега ви овозможуваат плаќање на рати без камата со наменско дозволено пречекорување.

    Купувањето со дебитните картички на Комерцијална банка овозможува плаќање на 3, 6, 12 или 24 рати без камата и без дополнителни трошоци во продавниците со кои Банката има склучено договор.

    Сѐ што е потребно е да поднесете барање за наменско дозволено пречекорување во која било експозитура на Комерцијална банка и да уживате во новата привилегија што ви ја овозможува Банката за исполнување на вашите желби и потреби.

    Наменското дозволено пречекорување е атрактивна опција за ослободување на вашиот месечен буџет од дополнителни ставки и трошоци, која вреди да ја искористите.

    Повеќе информации дознајте на следниот линк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично