ПОВЕЌЕ

    Генерално собрание на WTCA во Акра: Африка предизвик за лидерите на светските трговски центри

    Време зa читање: 6 минути

    Асоцијацијата на светските трговски центри® (WTCA®) –   меѓународна трговска организација која поврзува над 300 локации на Светски трговски центри® (WTC®) во скоро 100 земји – и Светскиот трговски центар (WTC) ) Акра успешно го организираа 53-тото Генерално собрание на WTCA во Акра, во Гана. Овој петдневен собир, кој се одржа од 23 до 27 април, ги собра лидерите и членовите на глобалната мрежа на локации на Светските трговски центри и нивните деловни мрежи – претставници на компании, влади, академски заедници, медиуми и меѓународни организации – овозможувајќи им да ги слушнат највисоките претставници на Гана, Намибија и Соединетите Држави и другите клучни експерти, да учествуваат на тркалезните маси, на дискусиите и да истражуваат нови можности за раст и развој низ Африка. Овој настан на тема „Кон африканската економска интеграција и унапредено глобално присуство“ дополнително ја потврди посветеноста на WTCA за Африка.

    Овој деловен собир во Акра се состоеше од обраќања на истакнати учесници, панел дискусии и серија настани за вмрежување со фокус на уникатните трговски и инвестициски можности на Африка. Д-р Махамуду Бавумија, потпретседател на Република Гана, ја истакна Гана како лидер во промовирањето на потенцијалот на Африка за привлекување на странски инвестиции и на глобалната регистрација на правни лица за компании во Гана, како и потребата Африка да инвестира во иновативни технологии за да ја подобри својата конкурентност во глобалниот пазар. Вамкеле Мене, генералниот секретар на Секретаријатот на Африканскиот договор за слободна трговија (AfCFTA), зборуваше за конкретните чекори што ги презема Африка кон економската интеграција, како што е Пан-африканскиот платен систем (PAPSS), кој овозможува непречена трговија меѓу африканските земји преку дигитален систем за плаќање..

    „Африка нуди можности со оглед на тоа што се предвидува дека нејзиниот пораст на населението ќе се удвои во следните 25 години. WTCA сака да го поддржи овој раст преку својата деловна мрежа и позитивно да влијае на богатството и просперитетот за унапредување на мирот и просперитетот на овој континент“, рече Џон Е. Дру, претседател на Управниот одбор на WTCA. „Со 15 лиценци низ Африка – вклучувајќи ја и новата локација на Светскиот трговски центар што треба да се отвори во Адис Абеба, Етиопија – WTCA е посветена на промовирање инвестициски и трговски можности низ целиот континент. Нашата мрежа има силна желба остварување бизниси овде“.

    Тогбе Афеде XIV, извршен претседател на WTC Акра, точно ги сумираше можностите достапни ширум Африка, велејќи дека „ние веруваме дека Африка може да помогне во решавањето на некои од проблемите со кои се соочува светот денес, особено во производството на храна и енергетската транзиција. Со 20% од светската копнена маса и 60% од необработената земја во светот, веруваме дека Африка е одговорот за обезбедување храна низ целата планета. Ние веруваме во ветувањето дека Африка ќе го подобри светот – сега е време да се биде во Африка“.

    Главен партнер и спонзор на овој собир беше Африканската експорт-импорт банка (Afreximbank), која беше претставена од Емека Узомба, виш советник на AfCFTA и Afreximbank. Тој зборуваше за финансирање на трговијата и стратешките инвестиции во Африка. Во „Салата за договори“ спонзорирана од Afreximbank, експерти од оваа банка се сретнаа со учесниците кои имаа деловни состаноци и разговараа за трансакциите помеѓу африканските компании и глобалните партнери.

    „Исклучително ни е драго што соработуваме со WTCA на овогодинешното Генерално собрание за економски раст и развој на Африка. Нашата соработка се заснова на силните страни на двете организации со цел да ги поддржиме компаниите во проширување на нивниот бизнис и влез на нови пазари“, рече Узомба. „Заедно, ние сме посветени на реализација на целосниот потенцијал на африканската трговија и инвестиции, и на создавање можности за успех на компаниите.

    WTCA продолжува да ја има клучната улога во воспоставување на меѓусебно поврзани деловни мрежи низ целиот свет и моментално е фокусирана на поддршка на растот на африканските економии. Учесниците на Генералното собрание на ГА се фокусираа на воспоставување деловни сојузи со купувачи, продавачи и инвеститори во различни сектори во Африка, како што се земјоделството, агро-технологијата, преработката на храна, производството, рударството, енергијата и водата, меѓу другите. Овие стратешки соработки ветуваат дека ќе ги опремат членовите на WTCA и нивните деловни мрежи со најсовремени ресурси и знаење, што ќе поттикне раст и проширување во Африка.

    „Учесниците на Генералното собрание, повеќе од кога било досега, можеа да ја препознаат важноста на она во што Асоцијацијата е најдобра, а тоа е што собира луѓе од целиот свет за да го разберат деловното опкружување и можностите на земјата домаќин и да ги споделат најдобрите деловни практики на WTC. Нашата асоцијација ни овозможува да откриваме деловни можности во различни делови на светот, а на овогодинешното Генерално собрание во Акра, можевме самите да се увериме во потенцијалот на Африка. Сите овие напори и можности ја зајакнуваат препознатливоста и вредноста на брендот WTC“, изјави Ентони Георгакис, директор за операции на WTC Кипар.

    „Овој собир даде единствена можност да се дојде во субсахарска Африка. Нам во Гана ни е особено потребна помош за усовршување на производствена амбалажа со цел да ги исполниме светските стандарди и да влеземе на светскиот пазар, како и обука за да може она што го работиме во Гана да се понуди на меѓународниот пазар. На Гана ѝ треба трговија, а не помош – можеме да работиме со светот и подготвени сме да работиме заедно“, рече Дијана Твум, претприемач од Гана и делегат B2B на Генералното собрание.

    Годинешното Генерално собрание заврши со официјалното прогласување на домаќинот за следната година. 54-тото Генерално собрание на WTCA ќе се одржи во Бангалор, Индија од 3-6 мај 2024 година, чиј домаќин ќе биде Светскиот трговски центар (WTC) Бангалор.

    За Асоцијацијата на светските трговски центри (WTCA)

    Асоцијацијата на светските трговски центри (WTCA) е мрежа од над 300 добро поврзани компании и организации кои взаемно се поддржуваат во 92 земји. Како сопственик на трговските марки „Светски трговски центар“ и „WTC“, WTCA ги доделува ексклузивните права на овие брендови на нејзините членки да ги користат на нивниот имот, објекти и на понудите за трговски услуги во нивна сопственост. Преку разновидните настани, програми и ресурси што им ги нуди на своите членови, WTCA има за цел да им помогне на локалните економии преку поттикнување и промовирање на трговија и инвестиции низ целиот свет преку ангажман на членови. За повеќе информации, посетете ја www.wtca.org

    За Светскиот трговски центар (WTC) Акра

    WTC Акра, моментално лоциран на првиот кат од прекрасната зграда на Светскиот трговски центар во Акра, е портата кон светот на глобалните трговски можности за компаниите во Гана и Западна Африка, како и безбедна почетна точка за меѓународните комерцијални интереси кои сакаат да ги искористат возбудливите можности во Африка. Ние поврзуваме луѓе, производи и идеи од целиот свет на меѓународните саеми, на високо посетените трговски настани и престижни меѓународни конференции во текот на целата година, заедно со нашата иновативна слободна зона и наградуваниот развој на недвижности. Како најголем комплекс за специјални намени во регионот, обезбедуваме платформа за исклучителни деловни можности и вмрежување. Повеќе детали за WTC Акра може да се најдат на http://www.wtcaccra.com

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично