Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 21 април (петок) 2023 година заради празнување на Рамазан бајрам.
На 22 април ќе работат експозитурите и филијалите кои се со редовно работно време во сабота.
Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата на готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка.
За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол и Лептокарија и во експозитурите во Дебар, Неготино и во Охрид.