ПОВЕЌЕ

    За хигиенските производи, овошјето, зеленчукот – замрзнување на цените во најава

    Време зa читање: 2 минути

    Хигиенските производи, најверојатно утре, а дел од овошјето и зеленчукот неделава ќе добијат замрзнати цени. Најавата е од министерот за економија Крешник Бектеши, кој рече дека одлуката ќе се донесе на владина седница.

    „Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието. Со одлука на Владата ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски производи, на истиот начин како што го сторивме тоа и кај цените на прехранбените производи, до одреден датум. Но, датумот до кога ќе трае замрзнувањето ќе се дознае утре“, рече Бектеши, кој денес ги контролираше цените во маркет во скопски Тафталиџе, заедно со премерот Димитар Ковачевски и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

    За овошјето и зеленчукот посочи дека тим од Министерството за економија ги разгледува анализите добиени од Министерството за земјоделство, па најверојатно „цените на повеќе од пет-шест производи ќе бидат замрзнати во текот на оваа недела“. Воедно, додаде дека се чекаат и анализите од Царинската управа за увозните цени на трговците, при што ќе се види колкава е разликата во делот на маржите.

    Сакам да ја уверам македонската јавност дека нашето присуство овде не е случајно. Владата, и јас како прв човек во Владата, водиме практична, инклузивна политика. Носиме одлуки кои ги засегаат граѓаните и затоа, сакаме лично, на терен, да го слушнеме гласот на граѓанинот, гласот на народот, како реакција на политиките кои ги спроведуваме и одлуките кои ги носиме“, рече премиерот, кој најави можно намалување и на цените на овошјето и зеленчукот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично