ПОВЕЌЕ

    ЈАДЕМЕ НАЈСКАПО МЕСО ВО РЕГИОНОТ, СО ПЛАТАТА МОЖЕМЕ ДА КУПИМЕ ДВОЈНО ПОМАЛКУ МЛЕКО во споредба со словенците

    Време зa читање: 3 минути

    „Пари“ анализа: Колку вреди нашата просечна плата во однос на земјите од регионот?

    И покрај тоа што просечната плата во Македонија достигна 34.354 денари во декември, таа и понатаму останува најниска во однос на поранешните југословенски републики. Но, вистинската вредност на платите лежи во нивната куповна моќ. Обично, се вели дека платите се пониски, но и цените во Македонија се пониски. Порталот „Пари“ провери колку има вистина во тоа. Зедовме предвид 5 основни прехранбени производи и ги побаравме нивните цени во онлајн продавниците на земјите во регионот. Потоа, споредивме за колку пари може да се купи секоја од тие пет намирници со просечната плата од секоја земја. Податоците за Македонија се разочарувачки.

    ВО НИШТО НЕ СМЕ НАЈЕВТИНИ

    Под лупа ги ставивме цените на лебот, јунешкото месо, млекото, сирењето, и сончогледовото масло за јадење. Споредбата на цените покажува дека во ништо не сме најевтини, но затоа, заедно со Словенија, имаме најскапо јунешко месо во однос на сите анализирани земји (за споредбата зедовме јунешка плешка). Убедливо најевтино јунешко месо имаат во Црна Гора.

    Што се однесува до лебот, во моментов, додека ги правиме споредбите, еден килограм кај нас е поевтин отколку во другите земји, освен во однос на Србија, каде Владата направи ограничување на цената на лебот на 57 динари за 500 грама леб со точно одредени состојки во лебот, и таа цена ќе важи до 30 јуни 2023 година. Но, како што најави министерот за економија, Крешник Бектеши, во вторник на седница на Владата ќе се донесе одлука за замрзнување на цената на лебот на 33 денари, со важност од 1 март.

    Цените покажуваат дека најевтино млеко може да се најде во хрватските онлајн маркети. Македонија има слични цени на млекото со Босна и Херцеговина и со Србија, околу 1,2 евра за литар, со масленост 3,2 проценти.

    И цената на сирењето е најниска во Хрватска, а највисока е во Словенија, каде и цената на млекото е најскапа. Цената на кравјо сирење е иста во Македонија, во Србија и во Босна и Херцеговина. Споредбата на сличен тип на сирење покажа дека кај сите три земји еден килограм чини 6,5 евра.

    Во Црна Гора има и најевтино масло за јадење, од само 1,1 евро, а кај нас и во Босна и Херцеговина чини 1,9 евра.

    Цени на производи во регионот

    Котирано друштвоЗагуба 2022 год.
    Либерти АД Скопје– 944.598.527
    Бетон АД Скопје– 313.785.000
    Вабтек МЗТ АД Скопје– 118.299.718
    ГТЦ АД Скопје– 39.758.000
    Интернешнел Хотелс АД Скопје– 18.398.000

    Извор: онлајн продавници

    НАЈНИСКА ПЛАТА МЕЃУ ЕКС-ЈУ ЗЕМЈИТЕ

    Сите земји ги објавија податоците за просечните плати во декември 2022 година. Според официјалните статистички податоци на одделните национални економии, Македонија и понатаму има најнизок просек во регионот, односно просекот се движи од нашите 558 евра до просекот во Словенија од 1.419 евра.

    Просечни плати во регионот

    ДржаваПлата на претседател во евра
    Македонијa 1.512
    Србија 1.700
    Црна Гора2.420
    Босна и Херцеговина2.922
    Хрватска3.000
    Словенија3.322

    Извор: Официјални статистички податоците на националните агенции за статистика

    ОД СИТЕ АНАЛИЗИРАНИ ДРЖАВИ, НИЕ НАЈМАЛКУ МОЖЕМЕ ДА КУПИМЕ МЕСО, СИРЕЊЕ И МАСЛО

    За да видиме колку навистина вреди една просечна плата најдобро е да ја претвориме во основните прехранбени производи.

    Податоците што ги добивме покажуваат дека со една просечна плата од сите анализирани земји, ние најмалку можеме да купиме месо, сирење и сончогледово масло за јадење.

    Колку кг/л може да се купи со една плата?

    ЗемјаБел леб Јунешка плешкаМлеко 3,2 %Кравјо сирењеСончогледово масло
    Македонија372 кг 45,5 кг 446,4 л85,8 кг293,7 л
    Словенија 709,5 кг 118,2 кг892,4 л151 кг 506,8 л
    Србија 738,0 кг   69,8 кг 559,4 л110 кг 397,8 л
    Црна Гора363,5 кг90,8 кг 454,4 л121 кг660,9 л
    Хрватска522,5 кг105,0 кг985,8 л217,7 кг 614,7 л
    Босна и Херцеговина354,0 кг 55,3 кг506,6 л93,5 кг 320,0 л

    Лектор: Христина Ангелеска

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично