ПОВЕЌЕ

    ХАЛКБАНК ЗАПОЧНУВА СО ИСПЛАТА НА ЈАНУАРСКИТЕ ПЕНЗИИ: Таа ќе биде етапна и во групи за оние кои не користат платежна картичка

    Време зa читање: 2 минути

    Халкбанк ги известува своите ценети клиенти пензионери кои користат картичка, парите ќе им бидат на сметка на 30.01.2023 и истите ќе може слободно да ги користат при пазарење со Вашите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии.

    За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

    • 30 – ти јануари (понеделник) 2023 година, пензии со висина до 11.000 денари
    • 31 – ви јануари (вторник) 2023 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
    • 01 – ви февруари (среда) 2023 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
    • 02 – ри февруари (четврток) 2023 година, пензии со висина над 18.001 денари.

    На шалтерите на Банката ќе бидат подготвени апликации и инструкции од вработените за добивање и користење на бесплатните дебитни картички за приматели на пензии и уникатната можност за користење на сите банкомати од било која банка во државата без провизија за подигнување на готовина.

    Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција за извршување на Вашите потреби во периодот од 08:30 до 16:30 часот, посочуваат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично