ПОВЕЌЕ

    ЏЕЈМИ ДАЈМОН, JP MORGAN: Подгответе се за криза со нафта и гас во 2023 и понатаму

    Време зa читање: 2 минути

    Енергетската криза што ја зафати Европа може да се влоши во текот на следните години бидејќи последиците од руската војна во Украина се протегаат со текот на времето, предупреди Џејми Дајмон од JP Morgan во интервју за CBS.

    „Опасноста од оваа војна е извонредна“, изјави Димон за CBS, додавајќи дека таа може да трае со години. „Изгледа дека Европејците ќе ја поминат зимава. Но, овој проблем со нафтата и гасот ќе трае со години. Значи, ако бев во владата или на кое било друго место, би рекол, морам да се подготвам за многу полошо. Се надевам дека нема. Но, дефинитивно би се подготвил за тоа да стане многу полошо“, рече и главниот извршен директор на JP Morgan.

    Коментирајќи го неодамнешниот пад на цените на нафтата, Димон го припиша на економското забавување во Кина – поттикнато од зголемувањето на новите инфекции со ковид и политиката на владата за нулта ковид – и рече дека падот на цената ќе биде само привремен.

    Навистина, кинеската влада почна да ги релаксира ограничувањата за ковид откако избија протести низ неколку градови. „Тие работи ќе се променат“, рече Димон на Маргарет Бренан од CBS. „И ова недоволно инвестирање во нафта и гас, ќе ви наштети две или три години. Тоа е сосема предвидливо, но не е денес“.

    Во овие последни забелешки, Димон повторува нешто за што ОПЕК предупредува со години: недоволно инвестирање во ново производство на нафта и гас. Со други зборови, недоволното инвестирање не е директен резултат на руската инвазија на Украина. Таа датира уште поназад и е потесно поврзана со енергетската транзиција на западните влади, а не со каква било реакција на војната. „Ни треба сигурна и евтина нафта и гас“, рече и Димон од JP Morgan за време на интервјуто. „Проблемот, знаете, многу луѓе мислат дека високите цени на нафтата и гасот се добри за CO2. Не се“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично