ПОВЕЌЕ

    Триглав е групација со стабилна капитална позиција и добри оперативни перформанси

    Време зa читање: 3 минути

     

    S&P го потврди високиот кредитен рејтинг „А“ со стабилна среднорочна прогноза

    По својата редовна годишна ревизија на 5-ти септември, 2022 година, S&P Global Ratings (во натамошниот текст: S&P или агенцијата) го потврди кредитниот рејтинг „А“ и рејтингот за финансиска сила со стабилна среднорочна прогноза на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзината матична компанија и нејзината подружница Позаваровалница Триглав Ре. Високата оценка „А“ е исклучиво проценка на независниот профил на кредитен ризик на Групацијата. Тоа е одраз на многу солидната капитализација на Групацијата Триглав и нејзиното профитабилно работење, во кое дисциплинирано ги презема ризиците од осигурувањето, користи ефикасна заштита од реосигурување, високо ниво на дигитализација и придобивки од економијата на обем и други предности од водечката пазарна позиција во регионот и во Словенија.

    Во својот извештај, S&P повторно го оценува профилот на деловниот ризик на Групацијата Триглав како солиден. Се наведува дека Групацијата со својот фокус на клиентите обезбедува профитабилно работење во двете дејности, осигурувањето и управувањето со средства. Во своето работење ги користи предностите, кои што потекнуваат од водечката пазарна позиција на словенечкиот пазар и во регионот, реномираниот бренд, добро диверзифицираниот опсег на производи и услуги, широката продажна мрежа и постигнатото ниво на деловна дигитализација. Реосигурителната заштита, што ја користи во случај на природни масовни загуби, е ефикасна.

    S&P оценува дека работењето на Групацијата Триглав е доволно отпорно, што и во услови на висока инфлација и на овогодинешното нормализирање на состојбата и на побарувањата, како резултат на повлекувањето на ограничувањата поради пандемијата со Covid-19, ќе ја зачува трошковната ефикасност и соодветната ценовна политика, ќе обезбеди зголемување на обемот и врз основа на тоа ќе работи стабилно и профитабилно. Во однос на факторите за одржлив развој (ESG), S&P оценува дека нивното влијание врз кредитниот рејтинг е неутрално.

    S&P повторно го оценува профилот на финансискиот ризик на Групацијата Триглав како многу солиден. Сметаат дека Групацијата одржува многу стабилна капитална позиција на ниво „ААА“ според моделот на капитал S&P и е поддржана со дисциплинирано и претпазливо преземање ризици. Се наведува дека поради конзервативниот состав на инвестициското портфолио и висококвалитетниот состав на капиталот, овогодинешната нестабилност на пазарите на капитал не влијаела значително врз финансиската моќ на Групацијата. Нејзината моќна капитализација ќе го олесни нејзиното работење дури и во услови на натамошно влошување на економското опкружување и состојбата на пазарите на капитал. S&P исто така наведува дека ликвидноста на Групацијата е многу висока.

    Стабилната среднорочна прогноза за кредитниот рејтинг ги одразува очекувањата на S&P дека Групацијата Триглав успешно ќе ја спроведе својата деловна стратегија во текот на следните две години, каде акцент е ставен на профитабилното работење, растот, дигитализацијата и натамошната диверзификација на понудата и приходите. Агенцијата очекува дека Групацијата Триглав, и покрај влошените деловни услови, ќе одржи многу висока капитализација, која ќе ги исполни критериумите за рејтинг од најмалку „АА“ во следните две до три години.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично