Во градот под Пелистер минатиот викенд се одржа најмасовниот спортски настан, под наслов ,,ТРЧАЈ БЕ”, со кој Битола по четврти пат се става на мапата на светски градови по чии улици се одвиваат трки. Бројната публика, меѓу која љубители на спортот, поддржувачи и сеирџии, во битолската чаршија од раните утрински часови на патеките, со многу позитивна енергија, ги бодреше 1.500те учесници на ТРЧАЈ БЕ, од дури 17 држави.
Атлетски ѕвезди, пасионирани рекреативци, но и јавни личности, политичари, компаниски тимови, како и цели семејства и поединци овојпат одлучија да трчаат по битолските улици, за да, преку Широк Сокак влезат во целта. Годинава зедоа учество и бројни тимови на меѓународни компании, кои токму овој настан го избраа за викенд тим билдинг активности. На трката во Битола, исто така, се натпреваруваше цела македонска атлетска елита на средни и долги патеки, односно сегашни и бивши рекордери и шампиони на патеките од 1.500 метри, па се до маратон.
Екипата на ПАРИ го следеше настанот, за што сведочат и фотографиите кои ги направивме таму.
Во 8 часот изутрина, наспроти саат кулата на улицата покрај реката Драгор во Битола, стартуваше првата трка на 5 километри од ТРЧАЈ БЕ, а потоа со временска разлика од десет минути старуваа натпреварувачите од втората трка на 10 и 21 километри, прво тргнаа најсерозните натпреварувачи на 21 километар. Стартот со истрел од пиштол го означи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој за оваа трка “Трчај бе“ и ги поздрви сите учесници, организаторот и битолчани.
Инаку, годинава, 21К трката беше селектирана од Атлетската федерација на Македонија да биде Национално првенство, а најдобрите добија награди во фонд вреден 5.000 евра.
Ако минатата година, градот домаќин беше балканска метропола на трчањето, заради одржувањето на Балканското првенство во полумаратон, од оваа може да се каже дека во Битола со сигурност има настан кој брзо може да стане спортска туристичка дестинација, од пошироки размери.
“Уште кога ја планиравме првата ТРЧАЈ БЕ, пред повеќе од четири години најголемиот предизвик ни беше, како да направиме трка од која сите ќе бидат задоволни. Започнувајќи од професионалните и рекреативни тркачи, до публиката и спонзорите. Од првата година учесниците се среќни, тоа е факт, но растот на трката буди сериозен интерес кај спонзорите што зборува за потенцијалите за раст на настанот. Во градот немаше нити едно слободно место во хотелите, угостителите имаа исто за овој период од годината зголемена фреквенција. Неколку илјадна публика, специјално излезена низ улиците и кафулињата во градот за да ги бодри тркачите, од раните утрински часови и оваа година е најубавиот знак дека сме го направиле вистинскиот потег. Градот Битола, го сака ТРЧАЈ БЕ”- истакна Никола Димитровски, директор на трката.
На патеките, организаторот имаше предвидено офф програма на која настапија над 50 музичари и артисти, за музичко бодрење на тркачите, пред Општина Битола настапи битолскиот бенд Паркети, а на главната бина Оливер Јосифовски со формација од врвни музичари изведоа музика од филмот Стела.
ВЛЕЗ ЗА ЦЕЛА ФОТОГАЛЕРИЈА – КЛИКНИ [ ТУКА ]
ПРЕГЛЕД НА ОСТВАРЕНИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Национално првенство во полумаратон:
Жени
- Тамара Јолевска Попов 01:36:21
- Весна Кираџиева 01:42:10
- Жанета Богатиновска Илиева 01:42:22
Мажи:
- Дарио Ивановски 01:07:56
- Жан Тосев 01:16:37
- Мартин Трајановски 01:16:53
ТРЧАЈ БЕ 21к
Жени:
- Миљана Ристиќ 01:28:07
- Тамара Јолевска Попов 01:36:21
- Весна Кираџиева 01:42:10
Мажи:
- Дарио Ивановски 01:07:56
- Tirron Mamusha 01:13:47
3. Жан Тосев 01:16:37
ТРЧАЈ БЕ 10к
Жени:
- Адријана Поп Арсова 35:51
- Душица Јанковиќ 44:11
- Билјана Сивева 44:26
Мажи:
- Иван Пешовски 33:30
- Димитар Петровски 34:50
- Миле Иванов 34:58
ТРЧАЈ БЕ 5к
Жени:
- Николина Милевска Велјановска 20:24
- Јана Стефановска 20:59
- Радмила Јованова 21:05
Мажи:
- Атанас Епов 16:06
- Кристијан Наумовски 16:24
- Григоријан Никовски 16:30
Беа доделени пехари и дипломи за екипи, признанија по возрасни групи, беа наградени најмладиот и највозрсниот учесник, а посебни награди добија и најбрзиот битолчанец и најбрзата битолчанка.
ВЛЕЗ ЗА ЦЕЛА ФОТОГАЛЕРИЈА – КЛИКНИ [ ТУКА ]