ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка објави кога ќе започне со исплата на пензиите за јуни

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка во вторник, 28.6.2022 ќе започне со исплата на пензиите за јуни. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од вторник и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

    Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

    • вторник, 28.06.2022 година, исплата на пензии до 11.000 денари
    • среда, 29.06.2022 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
    • четврток, 30.06.2022 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
    • петок, 01.07.2022 година, исплата на пензии над 18.000 денари.

    За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од вирусот Covid-19 на сите корисници на банкарски услуги, при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка строго да се почитува наведениот распоред, да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете, апелираат од Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично