Комерцијална банка со учество на своја екипа и со финансиска поддршка го даде својот придонес за одржување на 12-от Меѓународен турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево.
Во чест на музичката легенда Тоше Проески и со цел поддршка на спортските активности и манифестации, што беше и една од многуте благородни мисии на Тоше, Банката традиционално е спонзор на овој турнир. Годинава настапи и Синдикалната организација на Комерцијална банка со своја екипа, која покажа не само спортски дух, туку и натпреварувачки и го освои третото место.
Организатор на турнирот е Здружението на стопанственици Власи од Македонија МАНДРА од Скопје, а на него традиционално учествуваат и екипи од Општина Нова Градишка, Хрватска, Општина Крушево и претставници на МАНДРА.