НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека, заради детектирани обиди за злоупотреба на податоци и сметки кои Банката веднаш ги пресретна и спречи, треба да бидат особено внимателни при споделување на своите лични и банкарски податоци. Особено е важно следниве податоци НИКОГАШ да не ги споделуваат со друго лице, дури и ако лицето се идентификува како претставник од Банката:
– Активациските кодови за електронско и мобилно банкарство
– Кодовите за интернет плаќања
– ПИН кодовите од платежните картички
Потенцираме дека споменатите податоци НИКОГАШ нема да им бидат побарани на клиентите од ниту едно лице вработено во НЛБ Банка.
Апелираме до клиентите, каков било обид или злоупотреба на податоци, задолжително да го пријават на 02 / 15 600 или на [email protected]
Каков било сомнеж за злоупотреба на податоци, клиентите треба задолжително да го пријават на 02 / 15 600 или на [email protected].