НЛБ Банка во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Службата за кредитни ризици за големи и средни претпријатија и Службата за кредитни ризици во рамки на Секторот за кредитни ризици и Ви нуди можност за работа во динамична средина со можност за професионален развој. Доколку сакате да бидете дел од тимот и да имате амбиција за унапредување на активностите во сегментот на управување со кредитни ризици за корпоративни клиенти и физички лица, Ве мотивираме да се пријавите на отворената работна позиција.
Улога во тимот:
- Квалитетно управување со кредитните ризици во Банката, како и почитување на минимални стандарди и методологија за бонитетна класификација и почитување на законски прописи од областа;
- Прибирање и проверка на комплетна документација, анализа и проценка на финансиските извештаи и проекциите на готовински текови на правни лица;
- Утврдување на бонитет на правни лица, давање на предлог мислење за пласмани како и коодлучување за пласмани заедно со релевантните сектори;
- Анализа на физички лица и подготовка на извештаи во делот на следење на овој сегмент од портфолиото на Банката;
- Следење на законската регулатива од областа на управувањето со кредитни ризици, мерила и постапки за одобрување на пласмани во НЛБ Групација и Стандарди од областа на ризиците на ниво на НЛБ дд.
Твојот профил:
- Универзитетско образование, Економски факултет;
- Претходно искуство во сегментот на кредитирање на правни лица и/или познавање на сметководствени практики/стандарди ќе се смета за предност;
- Познавање и толкување на основните финансиски извештаи на претпријатијата (биланс на успех, биланс на состојба), како и познавање на концептот на готовински тек и неговите клучни двигатели;
- Искуство во делот на кредитирање на физички лица;
- Одлични комуникациски и организациски вештини;
- Способност за тимска работа и самоиницијативност;
- Аналитички вештини и способност за оценка, планирање, контрола и одлучување;
- Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.
Твојот профил:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци.
- Приватно здравствено осигурување.
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на соодветната работната позиција или на [email protected] со назнака Финансиски аналитичар, најдоцна до 20.04.2022 година.
Кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат дополнително контактирани за следните чекори до конечниот избор.