ПОВЕЌЕ

    ММФ: Можни се економски потреси во пазарните економии во развој

    Време зa читање: 2 минути

    Пазарните економии во развој ќе мора да се подготват за епизоди на економски потреси со оглед на очекуваниот пораст на каматните стапки на Федералните резерви на САД и забавениот глобален раст како резултат на ширењето на сојот Омикрон на коронавирусот, предупредува Меѓународниот монетарен фонд.

    ММФ, кој ќе ги објави своите нови ажурирани прогнози подоцна овој месец, е со став дека глобалниот раст треба да продолжи оваа и следната година.

    Сепак, ризиците за растот остануваат високи како резултат на постојаното продолжување на пандемијата, рекоа економистите на фондовите Стивен Данингер, Кенет Канг и Елен Поарсон во аналитички блог.

    Од средината на декември, сојот Омикрон брзо се шири низ светот, со рекорден број на нови инфекции.

    „Со оглед на опасноста ова да се совпадне со побрзото заострување на каматната политика на ФЕД, пазарните економии во развој треба да се подготват за епизоди на економски потреси”, велат економистите. Дополнително, велат тие, овие земји веќе се соочуваат со висока инфлација и значително поголем државен долг.

    Банката на федерални резерви ја објави својата намера да ги зголеми клучните каматни стапки побрзо и поагресивно од очекуваното за да ја ограничи галопирачката инфлација во САД, која врши притисок врз домаќинствата и нивната потрошувачка, што е главен двигател на американскиот раст.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично