Сегментот на компактните возила е еден од најпопуларните, но и најконкурентните на Стариот континент. Категоријата на автомобили, наречена и „Класа на голф“, е на самиот врв на продажба во Европа.
Овие модели се исклучително популарни како мали семејни автомобили, но и како службени возила и, воопшто, привлекуваат најширока група клиенти.
Љубителите на автомобили често кршат копја за тоа кој модел од компактниот сегмент е најдобар, а судејќи според продажните резултати во последните неколку децении, тоа несомнено е Volkswagen Golf, пренесува Б92.
Британскиот Autocar направи листа на десетте најдобри компактни модели на европскиот пазар во 2021 година, која ви ја претставуваме овде.
- Фолксваген голф
- Форд Фокус
- Сеат Леон
- Ауди А3
- БМВ Серија 1
- Мазда3
- Шкода Октавиа
- Хјундаи и30
- Хонда Сивик
- Мерцедес А класа