ПОВЕЌЕ

    6 големи трендови на ФинТек кои ќе ја оформат банкарската индустрија во 2020

    Време зa читање: 3 минути

    Се предвидува дека во 2020 година ќе има уште посилен судир на два света; финансиски услуги и технологија. ФинТек претставува моќна синергија на овие индустрии и наговестува дека ќе го однесе модерното банкарство на сосема ново ниво.

    Финансиските услуги и технолошките иновации ќе бидат споени во нови можности кои ќе нудат пошироки банкарски услуги од традиционалните банки. Еве шест глобални трендови кои ќе ја нарушат банкарската индустрија во наредната година.

    Вештачката интелигенција (ВИ)

    Машинското учење има подобро распоредени решенија кои ја надополнуваат традиционалната аналитика во ФинТек. Оваа година, вештачката интелигенција најавува нови извори на информации за клиентите. Денес, многу платформи за кредитирање на потрошувачи веќе користат методи за подобрување на постојните перформанси.

    Гласовната револуција

    Бројот на уреди што можат да бидат контролираат со глас, брзо расте и луѓето во блиска иднина ќе прават сè повеќе гласовни пребарувања. Според Комскор, половина од сите Интернет пребарувањата ќе се извршуваат со глас до крајот на 2020 година. Брзо развивачките технологии на ВИ и машинското учење, исто така, значително влијаат на начинот на кој комуницираме со нашите паметни уреди.

    Блокчејн

    Комплицирана, но важна трансформација. Во 2019 година, блокчејн беше вклучен во процесите на различни индустрии многу побавно отколку што се очекуваше. Веруваме дека 2020 година оваа технологија ќе биде побрзо прифатена. И покрај тоа што банкарските решенија на блокчејн сè уште имаат потреба од тестирање, тие можат да прават односи помеѓу финансиските институции и нивните клиенти врз основа на доверба и транспарентност. Оваа технологијата може да го намали времето на трансакции и значително да го подобри протокот на пари.

    Проширување на безжичен 5G

    Поради проширувањето на поврзаните уреди, има побарувачка за висококвалитетна Интернет врска. Петтата генерација на мобилна врска е одговорот на пазарните побарувања. Како и сите други индустрии, банкарството треба да биде подготвено да обезбеди стабилна Интернет врска насекаде. Тоа е од суштинско значење за успешно вклучување на новите технологии во финансиските услуги.

    Брз раст на кинеските ФинТек екосистеми

    Кинеските ФинТек екосистеми се многу различни од западните. Во земји надвор од Кина, најуспешните ФинТек компании обично се насочени кон обезбедување на една или неколку специфични решенија како плаќања, заеми или депозити преку Интернет. Тие ја зголемуваат својата експертиза поврзанa со оваа конкретна област. На пример, Пејпал се концентрира исклучиво на плаќања преку Интернет, додека Wealthfront обезбедува само управување со финаниските ресурси. Додека, кинеските ФинТек фирми дејствуваат според различен алгоритам. Одличен пример е Ant Financial. Овој систем е изграден на задниот дел на Алибаба платформата за е-трговија. Ant Financial обезбедува повеќе бизнис решенија, како што е Алипеј за плаќања преку Интернет, Јуе бао за инвестиции од паричникот на Алипај, МБбанк за мобилно банкарство и слично. Овој пристап се чини дека е многу ефикасен врз светските трендови во целина.

    Сајбер-напади и сајбер безбедност

    Денес, се соочуваме со компјутерски злосторства и закани, дури и почесто од порано. Современото општество е свесно за важноста на компјутерската безбедност. Иако многу компании обрнуваат внимание за заштита на податоците, тие сè уште се ранливи.

    Кога станува збор за обезбедување на компјутерска безбедност, организациите се соочуваат со многу предизвици, како што се прекршување на податоците за клиентите, недостаток на стручен персонал за компјутерска безбедност и безбедносна автоматизација. Бидејќи финансиската индустрија денес станува дигитална и честопати треба уште посилна заштита на податоците од другите, таа ќе биде под влијание на иновациите во компјутерската безбедност. Засилена безбедност ќе биде еден од најважните трендови во 2020 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично