5 лекции од успешните инвеститори

Датум на објава: 06.03.2020

Време зa читање: 2 минути

Инвестирањето е еден од најдобрите начини за да направите вашите пари да работат за вас. Еве неколку лекции за инвеститорите кои сакаат да учат од другите успешни инвеститори.

  1. Побарајте совет од експерти

Можете да научите многу работи со читање книги и блогови, но понекогаш, разговорањето со некој кој знае повеќе од вас за одредена тема, може да биде посебно корисно. Тоа може да биде овластен финансиски планер или брокер. Тие можат да ви дадат совет заснован за нивното искуство или закони и регулативи во врска со финансиските инструменти.

  1. Планирајте го најлошото

Во секој момент, може да се случи трагедија. Може да се разболите или да изгубите работа, вредноста на вашите акциите да се намалат. Прво, пред да размислите дури да инвестирате пари, проверете дали имате капитал за итни случаи, кој треба да ги покрие вашите сметки и трошоци за најмалку 6 месеци. Исто така треба да имате добар план за здравствено осигурување кој ќе ве штити вам и луѓето кои зависат од вас.

  1. Давајте, но внимателно
Прочитајте и ...  Како најдобро да почнете да штедите?

Давањето на добротворни цели, цркви и други организации е одлична работа. Овие организациите даваат голема услуга на заедницата и им помагаат на оние кои не можат да помогнат самите. Сепак, проверете дали прво себеси сте покриени.

  1. Инвестирајте на долг рок

Нешто што е докажано е моќта на долгорочно инвестирање. Ако инвестирате сега во добри и сигурни компании (или дури и во индекс фонд) и ги оставите тамо парите 20 години, може да имате доволно за цел живот.

  1. Инвестирајте во она што го знаете и сакате
Прочитајте и ...  Зошто е можеби паметна одлука да ја промените вашата кариера? 

Пред да инвестирате во одделни компании, помислете на тоа како да инвестирате во вистински бизнис. Проучете ја компанијата и како тие заработуваат пари. Обидете се да разберете и да научите како истата компанија би можела да продолжи да заработува во иднина. Доколку гледате дека ги исполнува тие критериуми, тоа е знак дека треба да се инвестира во нејзе.

 


Тагови: Ворен Бафет, инвестирање, инвестиции, лични финансии, финансиско планирање, штедење,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: