ПОВЕЌЕ

    Катастрофален податок: Само 12 % од Македонците се задоволни на своето работно место!

    Време зa читање: 2 минути

    Вистински загрижувачка ситуација која пред се треба да ги замисли работодавачите.

    36% од вработените се чувствуваат лошо на местото каде работат. Најчестата причина е МАЛА ПЛАТА но има и такви кои доживуваат малтретирање, омалуважување на работното месо исто така сметаат дека работат активности кои не им се во описот. Незадоволството потекнува и заради лошиот однос претпоставен вработен а еден од коментарите е и:

    -Имам толку многу квалитети кои што до сега никогаш не биле искористени, се осеќам како робот. Би сакал коначно да ја најдам работата што ја сакам, млад сум и иднината е пред мене!

    И покрај се овие 36% остануваат таму каде што бидејки немаат друга опција.

    32% пак едвај чекаат да го напуштат своето сегашно работно место:

    Тука основната причина не е платата туку  мобинг, работа во сабота и недела, лош однос со колегите, немање правила на однесување и опис на работни обврски, а со еден збор опишуваат дека се чувствувааат Катастрофално.

    Издвојуваме еден до коментарите:

    -Разни типови мобинг,нецивилизиран однос на претпоставените лица,немање морал и етика,немање основни услови за лична хигиена,немање правилник за процедури и права на работа,со еден збор КАТСТРОФА

    Најголемиот број на овие кои сакаат да заминат се вработени во угостителскиот сектор.

    Делумно се задоволни 20%  но наведуваат дека ако има шанси би ја смениле работата.

    А поразувачки само 12 % се чуствуваат Одлично на своето работно место.Уживаат во работата добро се платени и имаат одличен однос со колегите и претпоставените.

    Ова е податок дека нешто серозно не функционира во внатрешноста на компаниите, дали претпоставените не доволлно им се посветуваат на вработните трчајќи по профит па забораваат на меѓучовечките односи?

    Дали не свесно заборааваат дека нивните вработени се најголемите бренд менаџери на нивните Компании?

    Дали забораваат дека добар имиџ на компанијата се гради од внатре за да сликата надвор биде ПОЗИТИТИВНА?

    Овие проценти праќаат сериозна порака посебно за потенцијалните идни вработени.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично